Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија?
Во многу случаи, причината за појава на анемија е лошата исхрана. Дури и ако причината е нешто друго, добро би било да знаете кои намирници можат да ви бидат од корист.
Генерално, ова е храна богата со железо, како и витамин Ц, кој помага во апсорпцијата на железото.
Храна која е препорачлива за луѓе со анемија
Овошје и зеленчук:
- Калинки
- Пиперки
- Спанаќ и зелен лиснат зеленчук
- Портокали
- Јагоди
- Лимон
- Лимета
Јатки и семиња:
- Индиски ореви
- Сончоглед
- Семки од тиква
- Ф’стаци
- Ореви
- Бадеми
- Лешници
Месо и риба:
- Пилешко
- Туна
- Ракчиња
- Лосос
Зрнести плодови:
- Киноа
- Овес
- Наут
- Грав
- Грашок
Која храна треба да ја избегнувате?
Некои намирници го попречуваат апсорбирањето на железото во организмот. Поради ова, препорачливо е да ги избегнувате додека се справувате со анемијата.
Овде спаѓаат:
- Млеко и некои млечни производи
- Сардина
- Тофу
- Кафе и чај
- Грозје
- Пченка
- Чоколадо
Неколку совети за исхрана со анемија
Иако храната богата со железо може колку-толку да биде од помош, важно е да се консултирате и со лекар бидејќи на некои луѓе им требаат и додатоци во исхраната.
Исто така, некогаш анемијата е предизвикана од сосема друг проблем и промените во исхраната нема да бидат по помош. Во овој случај, вашиот лекар ќе ви препише соодветна терапија.
Покрај посетата на лекар, земете ги предвиди следниве работи:
- Избегнувајте да пиете чај или кафе со оброците бидејќи го попречуваат апсорбирањето на железото
- Не јадете храна богата со калциум кога јадете храна со железо
- Храната со железо комбинирајте ја со храна со витамин Ц
- Пократко гответе ја храната
Спирова С. | Црнобело