Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија?
Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, позната како слабокрвност, постојат намирници кои го спречуваат апсорбирањето на овој метал, па најдобро е да се избегнуваат.
Анемијата, позната и како слабокрвност, е проблем карактеризиран со намален број здрави црвени крвни зрнца или хемоглобин.
Постојат многу видови анемија и секој е предизвикан од разни фактори. Анемијата може да биде краткотрајна или долготрајна, а некогаш може да биде и знак за посериозни здравствени проблеми.
Кои се симптомите на анемија?
Симптомите зависат од причината за појавата на анемијата, како и нејзината сериозност.
Во некои случаи, кога анемијата е слаба, можно е да не се јават никакви симптоми. Но, ако почнува да се влошува, ќе се појават и симптомите.
Некои од најчестите симптоми на анемија вклучуваат:
- Замор
- Слабост
- Испрекинато дишење
- Бледа или жолтеникава кожа
- Неправилно чукање на срцето
- Вртоглавица
- Болки во градите
- Студени дланки и стапала
- Главоболки
Кои се причините за појава на анемија?
Хемоглобинот или бројот на црвени крвни зрнца може да се намали во неколку случаи, вклучувајќи:
- Самото тело не ги произведува доволно
- Губење големо количество крв
- Телото само ги уништува црвените крвни зрнца и хемоглобинот
Но, разните видови анемија можат да бидат предизвикани и од други фактори, како:
- Недостаток на железо
- Недостаток на одредени витамини како Б12
- Анемија како резултат на воспаление или болест како рак и СИДА
Што го зголемува ризикот од појава на анемија?
Постојат многу ризични фактори за појава на анемија, како:
- Лоша исхрана
- Проблеми со цревата
- Многу обилни менструации
- Бременост
- Хронични болести
- Семејна историја на анемија