Кои се здравствените придобивки од спирулина и дали може да ја користи секој?

koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-spirulina-i-dali-mozhe-da-ja-koristi-sekoj-04.jpg

Го регулира нивото на гликоза. И во овој случај се потребни дополнителни истражувања, но најверојатно спирулината го регулира нивото на шеќер во крвта – нешто што е особено важно за дијабетичарите.

Го намалува холестеролот. Високиот холестерол го зголемува ризикот од проблеми со срцето. Што значи, спирулината е добра и за кардиоваскуларниот систем.

Го намалува крвниот притисок. Мало истражување покажало дека спирулината може да го намали крвниот притисок кај луѓе со прекумерна тежина.

Го поттикнува менталното здравје. Според една теорија, спирулината можеби е добра за менталното здравје бидејќи содржи аминокиселина која го поттикнува лачењето серотонин. Потребни се дополнителни истражувања за ова, па немојте да пробувате да лекувате депресија и слични проблеми со спирулина, без професионална помош.

koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-spirulina-i-dali-mozhe-da-ja-koristi-sekoj-05.jpg

Дали има несакани ефекти кој треба да ја избегнува?

Иако спирулината е суперхрана, препорачливо е да се консултирате со лекар пред да почнете да ја консумирате.

Исто така, важно е да ја купите од проверен продавач за да бидете сигурни дека добивате квалитетен продукт.

Спирулината не е препорачлива за бремени жени бидејќи засега нема доволно истражувања за тоа колку е безбедна за нив.

koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-spirulina-i-dali-mozhe-da-ja-koristi-sekoj-06.jpg

Спирулината не е препорачлива и за луѓе кои имаат проблеми со згрутчување на крвта.

Ако имате дијабетес, задолжително консултирајте се со лекар пред да почнете да користите спирулина бидејќи може да има влијание врз нивото на шеќер во крвта.

Ако имате некоја автоимуна болест, како лупус, задолжително разговарајте со лекар пред да почнете да користите спирулина бидејќи во некои случаи може да ги влоши симптомите.

Исто така, спирулината може да создаде реакција со одредени лекови, па ако пиете каква било терапија, повторно консултирајте се со лекар.

Нема многу истражувања за „предозирање“ со спирулина, но ако консумирате премногу, може да се јават симптоми како гадење, повраќање, дијареја, главоболка и вртоглавица.

Како што спомнавме неколкупати, задолжително разговарајте се со лекар пред да почнете да користите спирулина. Ако забележите какви било непријатни симптоми откако ќе почнете да ја консумирате, повторно консултирајте се со лекар.

koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-spirulina-i-dali-mozhe-da-ja-koristi-sekoj-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg