Храна за мозокот

hrana-za-mozokot-povekjeБило да ви престои состанок на кој треба да донесете важни одлуки или се подготвувате за испит, потрудете се со вистински избор на храна...


...да постигнете најдобра ментална форма.

hrana-za-mozokot

За добра ментална форма најважна е правилната исхрана, објаснува австрискиот професор Хадемар Банкофер, кој посебно укажува на делотворноста на брокулата, морската риба, лимонот и салатата.

„Бреинфуд“ е новото модерно име за супстанците кои му се потребни на мозокот. Меѓу нив на прво место е двигателот на сите клетки – витаминот Ц, кого најмногу го има во лимонот, портокалот, цитронот, јаболките и јагодите.

Магнезиумот, калиумот и витаминот Б, ги има во бананите, делуваат смирувачки, па така создаваат совршена подлога за промислено донесување на одлуки.

За подобра концентрација се препорачува брокулата, која е богата со глукозинолати, каротиноиди, железо и калциум.

Покрај тоа, тврди Банкофер, нашиот мозок има потреба од постојано внесување на лецитин, кого најмногу го има во јајцата, производите од соја и млечните производи.

По деталните истражувања Банкофер дошол до заклучок дека морската риба ја поттикнува концентрацијата, па сите оние што се занимаваат со напорна умствена работа би требало да консумираат скуша, лосос, туна и харинга.

- Каротиноидите во пиперката исто така ја поттикнуваат работата на мозокот, а зелената салата, спанаќот и зељастиот зеленчук го снабдуваат со хлорофил мозокот, а тој пак му помага внесениот кислород што подолго да остане во мозочните клетки. За работата на мозокот неопходно е и доволно внесување на вода, оние што малку внесуваат вода не можат да размислуваат јасно, стануваат агресивни или депресивни – тврди Банкофер. 

Би можело да ве интересира:

Храна што не треба да ја комбинирате со мед – може да предизвика проблеми со стомакот Медот не треба да се меша со лук, бидејќи може да доведе до дигестивни проблеми ...
Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...
Зошто се чувствувате анксиозно и депресивно во недела и како да си помогнете? Размислете дали постои конкретен проблем што ви предизвикува анксиозни и депреси...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
„Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“ „Кулминацијата дојде во 2017 година. По обична вечера со пријатели, останав будн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg