Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар?

Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пиење алкохол. Но, доколку е придружено со други симптоми, добро би било да одите на лекар.

dali-nokjnoto-potenje-e-znak-za-seriozen-problem-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-01.jpg

На секој му се случува да се испоти во текот на ноќта.

Ова обично се случува во летниот период, но и во зима доколку спиете во многу топла просторија.

Но, ако се потите секоја вечер, без разлика на температурата во спалната, а притоа потењето е обилно, можеби станува збор за некаков проблем.

Ноќното потење не секогаш е знак за нешто сериозно, но ако ви претставува проблем, препорачливо е да се консултирате со лекар.

Зошто се потиме?

Потењето е како систем за разладување на нашето тело. Како што капките пот испаруваат од телото, температурата на кожата се намалува.

Потта, исто така, се лачи во мали количества на внатрешната страна од дланките, за да го спречи сушењето на кожата и да ни го подобри зафатот со прстите.

Потта се лачи од потните жлезди кои ги имаме низ целото тело, но најмногу на челото, пазувите, дланките и долниот дел на стапалата.

Во најголем дел, потта содржи вода, но одреден процент е и сол.

Потењето е нормално во неколку ситуации, вклучувајќи:

  • Високи температури, како во лето
  • Физичка активност
  • Емоционален стрес
  • Јадење лута или многу зачинета храна
  • Треска

dali-nokjnoto-potenje-e-znak-za-seriozen-problem-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-02.jpg

Што го предизвикува ноќното потење?

Кога станува збор за обилно потење во текот на ноќта, неповрзано со температурата во собата, причина можат да бидат неколку фактори или здравствени проблеми.

Најчестите причини за ноќно потење:

  • Менопауза
  • Анксиозност
  • Лекови – некои видови антидепресиви, стероиди и лекови за болка
  • Ниско ниво на шеќер во крвта
  • Консумирање алкохол или наркотици

dali-nokjnoto-potenje-e-znak-za-seriozen-problem-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-03.jpg

Постојат и некои болести кои предизвикуваат ноќно потење, но во овој случај се појавуваат и други симптоми поврзани со болеста.

Овде спаѓаат болести како:

  • Хипертироидизам
  • Нарушувања во спиењето, како апнеја
  • Туберкулоза
  • ХИВ/СИДА
  • Хочкинов лимфом
  • Леукемија
  • Автоимуни болести

dali-nokjnoto-potenje-e-znak-za-seriozen-problem-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-05.jpg

Кога да посетите лекар?

Доколку ноќното потење не е пропратено со други симптоми, не треба да бидете загрижени, но сепак е добро да одите на лекар.

Со негова помош ќе ја откриете причината и ќе се ослободите од оваа непријатна појава.

Добро би било да одите на лекар и ако:

  • Потењето се случува секоја ноќ
  • Имате несоница поради потењето
  • Забележувате други симптоми како нагло слабеење, болки, кашлица, дијареја…
  • Ако сте жена и ноќното потење почнало неколку месеци откако прекинале симптомите на менопауза

dali-nokjnoto-potenje-e-znak-za-seriozen-problem-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg