Што ви порачува телото ако ви се заврти во глава кога станувате?
Дали сте го слушнале изразот ортостатичка хипотензија? Станува збор за вртоглавица која се појавува кога ќе станете нагло. Ова сигурно сте го доживеале барем еднаш во животот и, мора да признаете – чувството не е ни малку пријатно.
Сигурно барем еднаш во животот ви се случило да ви се заврти во главата кога ќе станете нагло.
Според последните истражувања на Харвард, над 20% од луѓето постари од 65 години редовно доживуваат ортостатичка хипотензија.
„Ако вртоглавицата е повремена или во блага форма, тогаш не треба да се третира со некој поагресивен третман.
Но, ако лицето често има чувство дека ќе падне, ако вртоглавиците се повторуваат и се чести, тогаш треба да се обратите на лекар и да ги следите неговите совети за да си го подобрите квалитетот на животот“, вели д-р Кристијан Руф, кардиолог во Brigham and Women's Hospital.
Кога стануваме од седечка или лежечка положба, нашиот крвен притисок паѓа и тоа може да доведе до вртоглавица или до привремена зашеметеност. Оваа состојба, за среќа, трае кратко и обично поминува многу брзо.
Но, телото ви порачува дека мора да забавите.
Самиот факт дека крвниот притисок ви паѓа не е причина за загриженост.
Освен наглото станување, вртоглавица може да предизвикаат и одредени лекови, дехидратација, прејадување или долго седење или лежење во една положба.
Како може да ја спречите или ублажите вртоглавицата?
1. Ако можете, избегнувајте лекови за намалување на притисокот, но само во договор со вашиот лекар.
2. Пијте доволно течности во текот на денот.
3. Секогаш станувајте полека и внимателно.
4. Поделете ги редовните оброци на неколку помали оброци наместо да се прејадувате.
5. Редовно вежбајте и избегнувајте долго седење.
Ако состојбата ви се повторува подолго време, тогаш ќе треба да посетите лекар.
Вртоглавицата обично не е причина за загриженост доколку брзо помине.
Но, задолжително консултирајте се со вашиот лекар ако сте ја изгубиле свеста, ако вртоглавицата трае подолго време по станувањето или ако е придружена со други симптоми, како на пример гадење или повраќање.
А. Ј. | Црнобело