„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“
Истуширајте се или измијте го лицето со студена вода
„Ако немате опција да се туширате, тогаш најлесно е само да го исплакнете лицето со вода.
Го тестирав овој метод и се покажа дека миењето на лицето со студена вода или навлажнувањето со коцки мраз е одлично за да ви ги оттргне мислите во време на анксиозност“ – вели Марија.
Поминете 10-15 минути во цртање линии и геометриски облици
Цртањето може да ни помогне да го ослободиме мозокот и да ги ставиме емоциите под контрола. Притоа, воопшто не е важно дали цртате смешни лица, боите со боички или цртате обични линии.
„Се обидов со неколку различни работи и сфатив дека тоа најмногу ми помага. Ми требаше да нацртам само половина страница крукчиња, линии, спирали и други геометриски облици за да се смирам“ – вели таа.
Кога не можете да чкрткате (ако сте на состанок), можете да земете парче пластелин и да го стискате - и тоа ќе ви помогне да се сконцентрирате.
Застанете исправено со кренати рамена
Кога сме под стрес, телото има природен нагон да се свитка за да ги заштити белите дробови и срцето.
„Ако застанете исправено и ги исправите рамениците, го отворате градниот кош и почнувате да дишете длабоко, и со тоа му праќате порака на телото дека не е во опасност.
Исто така, сфатив дека на овој начин полесно се справувам со негативните емоции“ – вели таа.
Играјте ја играта 5-5-5
Погледнете околу вас и набројте 5 работи што гледате. Потоа набројте 5 работи што слушате и придвижете 5 делови од телото што ги чувствувате.
„Звучи чудно, но оваа игра навистина ми помогна, а јас го зголемив бројот на 10 предмети, звуци и делови од телото“ – раскажува Марија.
Прошетајте 10 минути
Кога телото е во стресна ситуација, лесната физичка активност, како бавното чекорење, може да ви помогне да се смирите и да ја надминете паниката.
„Открив дека кога сум вознемирена, не можам да седам мирно. Бавното движење ми помага да го вратам балансот“.
Исто така, добро е да направите проверка на тоа колку вашите грижи се оправдани. Проценете колку е веројатно да ви се случи нешто лошо на скала од 1 до 100 и тоа ќе ви помогне да сфатите дали анксиозноста е оправдана или не.
Бројте од 1 до 20
Едноставното броење може да ви помогне да се справите со стресот. Најдете тивко место, затворете ги очите и бројте полека од 1 до 10.
Доколку анксиозноста не поминува, потребно е да ја продолжите вежбата и да броите до 20, 30, 40...
За крај, доколку имате сериозен проблем со анксиозност, немојте да се двоумите дали да побарате помош. Честопати ваквите проблеми може да се решат брзо и луѓето се чувствуваат подобро уште по првиот разговор со стручно лице.
Б. С. Б. | Црнобело