5 причини зошто не слабеете и не ви се намалуваат килограмите иако сте на диета

Дали некогаш ви се чини дека сте на диета, а не слабеете? Се придржувате до исхраната што ви е пропишана, пиете многу вода (дури и една чаша вода со лимон наутро), вежбате… Може да се каже дека дури и се изгладнувате, но резултати, едноставно нема. Сте се запрашале ли каде грешите?

5-prichini-zoshto-ne-slabeete-iako-ste-na-dieta-01.jpg 

Доктор Самир Сенгави, општ лекар од „Lloyds Pharmacy“, за британскиот весник „The Sun“ вели дека многу луѓе се обесхрабруваат кога ќе видат дека по одредено време не слабеат, иако направиле промени во исхраната.

Тој ги откри вообичаените и најчестите причини зошто не губите тежина и објаснува што треба да направите за да го поттикнете слабеењето.

Погледнете кои се најчестите грешки што тој ги набројува:

Внесувате премногу калории

Според доктор Сенгави, слабеењето зависи најмногу од дневниот внес на калории.

„Препорачана дневна доза е 2.000 калории за жени и 2.500 калории за мажи. Затоа е важно да внесуваме помалку калории од она што навистина треба да внесуваме. Ако сакате да ослабете, намалете го дневниот внес за 400 калории. Со тоа за жените идеално би било околу 1.600 калории дневно, а 2.100 калории за мажите“ - вели тој.

5-prichini-zoshto-ne-slabeete-iako-ste-na-dieta-06.jpg

Не спиете доволно

Квалитетниот сон е важен за одржување на физичкото, емоционалното и менталното здравје. Приближно седум до девет часа сон дневно се смета дека се доволни за добро здравје кај возрасните.

Недостатокот на сон има бројни последици, а еден од нив е зголемување на телесната тежина.

„Кога не можеме да заспиеме, нашите тела ослободуваат кортизол, хормон на стрес што може да ги поттикне нашите тела да складираат масни резерви ’за секој случај‘“ - вели докторот.

5-prichini-zoshto-ne-slabeete-iako-ste-na-dieta-03.jpg

Прескокнување оброци или „јо-јо“ диета

„Иако се популарни, јо-јо диетите не помагаат да се изгуби тежината. Всушност, поради овие диети, долгорочно најверојатно ќе ви се зголеми телесната тежина“ - вели д-р Самир.

Според него прескокнувањето оброци го става нашето тело во режим на самоодбрана, а тоа го забавува метаболизмот.

„Кога на крајот ќе се вратите на нормален начин на исхрана, ќе ви биде потребно подолго време да се преработи и согори храната“ - објаснува тој.

5-prichini-zoshto-ne-slabeete-iako-ste-na-dieta-05.jpg

Не пиете доволно вода

Недоволното внесување течности е лошо за здравјето воопшто, но малку луѓе сфаќаат дека тоа може да доведе и до зголемување на телесната тежина.

Хидратацијата ја зголемува нашата метаболистичка функција, енергија и го намалува гладот, така што постои силна врска помеѓу пиењето доволно вода и вистинското губење на тежината.

„Ако сме дехидрирани, постои ’грешка‘ во нашиот мозок што може да испрати сигнали за глад, а не за жед. Ова значи дека имаме тенденција да јадеме повеќе кога сме дехидрирани за да го компензираме чувството на жед“ - објаснува докторот.

5-prichini-zoshto-ne-slabeete-iako-ste-na-dieta-02.jpg

Ви се формираат мускули

Ако редовно вежбате и јадете храна богата со протеини, а вашата тежина на вагата не се намалува, можеби добивате мускули.

„Проверете дали вашето тело станува позатегнато и посилно. Можеби се чувствувате посигурни во однос на вашиот изглед и покрај тоа што покажува вагата“ - заклучува Самир.

5-prichini-zoshto-ne-slabeete-iako-ste-na-dieta-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg