Луѓето се најсреќни наутро и преку викенд
Луѓето ширум планетата се најсреќни рано наутро и за време на викендот. Ова го заклучиле стручњаците анализирајќи повеќе од 500 милиони...
...постови на Твитер во изминативе две години.
Скот Голдер од Институтот Корнел и социологот Михаел Маци анализирале „твитови“ на англиски јазик кои ги објавувале речиси 2.5 милиони луѓе, односно 510 милиони куси пораки.
Потоа користејќи посебен програм ги карактеризирале пораките според расположението.
Зборовите „среќа“, „ентузијазам“ и „брилијантно“ го покажувале позитивното расположение, додека зборовите „тага“, „страв“ и „немир“ го покажувале негативното расположение.
Резултатите на истражувањето покажале дека луѓето се најсреќни за викенд, кога не работат, но и наутро и тоа од 7 до 9 часот.
Најмногу непријатни емоции се забележани во средината на денот.
Кога сте вие најсреќни?