Додека кожата на нашето тело делумно е заштитена со облека, кожата на лицето е постојано изложена на дејство на сончевите зраци. Кога сме на одмор ретко кога забораваме да го намачкаме лицето со крем за заштита од сонце. Во секојдневието, при движење до работа или до дома, или при прошетки низ градот, тоа поретко го правиме. Но, никогаш не треба да заборавиме дека сонцето е секојдневно присутно...