Маска за коса која ги обновува расцветаните врвови
Секојдневното користење на производи за обликување на косата крајно негативно се одразува врз нејзиното здравје. Доволно е неколку пати во неделата да се испеглате за на крајот од месецот да ги забележите расцветаните краеви.
Мазната и уредна коса е сон на секоја девојка и жена кој многу тешко се постигнува, но тоа не значи дека треба да фрлате многу пари за скапи третмани.
За промена, пробајте ја оваа маска која ги обновува оштетените врвови.
Потребно ви е:
- 1 лажица масло од кокос
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица мед
- 1 голема жолчка од јајце
Подготовка:
Кокосовото масло обично се купува во тегли, како бела густа смеса, па затоа прво треба да ја растопите во едно лонче. Потоа додадете ги другите состојки и добро промешајте.
Добиената маска нанесете ја по целата коса, а посебно внимание обрнете им на краевите.
Врзете ја косата во репче или пунџа и така оставете ја половина час.
Измијте со вода и благ шампон, а пожелно би било да ја исушите косата природно, без топлина од фен.