До лето без стрии: Домашен рецепт со шеќер (видео)
Стриите се една од најнесаканите појави за секоја девојка. Никоја не сака да ги има, особено не пред летните одмори, бикините и разголените нозе.
Ретко која девојка нема стрии. Кај повеќето се појавуваат уште во време на пубертетот поради ненадејното брзо растење и развивање, но и поради осцилациите во тежината, како и во текот на бременоста.
За да се ослободите од стриите овој едноставен и евтин рецепт кој се подготвува за неколку минути, а може и тоа како да ви помогне.
Потребни состојки:
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица рицинусово или маслиново масло
- Сок од пола лимон
- 1 капсула витамин Е
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека не се соединат, па со кружни движења нанесувајте ја смесата на местото со стрии додека не се впие.
Најдобро е да ја нанесете со четка, бидејќи така ќе се поттикне циркулацијата на деловите од телото каде ви се појавуваат стриите.
Повторувајте ја постапката секој ден, 2-3 минути. Смесата може да стои во фрижидер и до 3 недели.
За подетално упатство погледнете го видеото: