14 трикови кои секоја жена треба да ги знае на памет
Без оглед дали се работи за фризура, мода или чистење, на секоја жена и требаат трикови со кои ќе заштеди време, а ќе добие двојно подобри резултати.
Во моменти кога ќе ви треба брзо решение за изгребаните штикли, растурениот гардеробер или жицата која излегува од градникот, само сетете се на овие трикови:
1. Користете пластична опаковка од Тик Так за чување на ситните шноли и ластичиња.
2. Пред да ги ставите во коса, испрскајте ги шнолите со лак. Така ќе го избегнете лизгањето.
3. Организирајте ги марамите со една закачалка и пластични прстени од завеса за када.
4. Закачете корпи на внатрешната страна од гардероберот.
5. Пред да ставите прстен од бижутерија, намачкајте го со проѕирен лак за нокти. Така прстите нема да ги добијат оние зелени траги од металот.
6. Кој рече дека широките фармерки не се носат во чизми?
7. Поправете ја жицата од градникот со само една секојдневна влошка.
8. Наместо пешкир, користете памучна маица за да ја избришете мократа коса. Така нема да имате потреба од фенирање.
9. Сетете се на оваа слика кога се двоумите каква огрлица да одберете.
10. Користете вазелин за да ги минимализирате гребаниците од кожните штикли и чевли.
11. Бричете ги нозете 2 пати. По првиот пат направете пилинг од маслиново масло и шеќер, па потоа повторно поминете со бричот. Ќе се изненадите колку мртвите клетки може да ви пречат во овој третман.
12. Како да ги подвратите ракавите без да ги изгужвате?
13. Користете ја мушамата за чевли за да ги организирате алатките за разубавување.
14. Ставете памук во сенките и камените пудри за да го спречите кршењето.