Моќни трансформации: Фризури кои им го промениле животот целосно (видео)
Не се кажува залудно дека колку сме позадоволни со својот изглед, толку се чувствуваме и подобро во своја кожа и ќе бидеме посмели и посамоуверени во контактот со другите луѓе.
Од стравот од промени или од недостатокот на самодоверба и волја, многу жени во целост се запоставуваат себе и својот изглед.
Толку многу пати е докажано, дури и во оние мали детали, како новата фризура, дека може да внесат голема промена во вашиот живот.
Како што се чувствувате, така зрачите и пред другите.
Дејвид Генг е познат фризер кој соработувал со многу познати личности во својот салон, но најмногу со оние девојки и жени кои сакале да го променат целосно својот живот.
Најчесто тоа се зафатени мајки кои еден дел од денот го посветуваат на работата, а другиот дел на своите деца и домашните обврски. Секако, фризурата е последно нешто за кое размислуваат.
Но, тој решил да им понуди решение кое ќе им помогне полесно да ја одржуваат косата, да изгледаат поубаво, а со тоа и да се чувствуваат поубаво сами со себе.
Она на што најмногу се жалеле жените било дека им е премногу долга косата, па постојано им е во врзана или дека стигнуваат само да ја исчешлаат, па им треба нешто што нема да има потреба од фенирање.
Погледнете го видеото со неверојатните трансформации кои ги добиле: