Факти за македонските „Крал и Кралица“ – постојат повеќе од 20 години, „рамо до рамо“ со светските брендови
Неодамнешна потрага по подарок за мојот најдобар пријател, за момент ми наврати спомени од детството. Одлучив да му купам парфем, затоа што е од оние луѓе кои секогаш мирисаат совршено и оставаат „трага“ од прекрасен мирис и кога ќе излезат од просторијата.
Потрагата ме одведе до неколку парфимерии. Гледајќи по полиците и големиот избор на парфеми, погледот ми го задржа King од Dolce&Gabanna и ме потсети на моменти од младоста, крајот на 90-тите кога во клас сите мирисавме на King и Queen, но оние нашите, од Алкалоид.
Памтам дека една од моите најдобри другарки беше опседната со мирисот на Queen – секогаш ја сакаше онаа слатка мирисна нота и беше препознатлива токму по овој парфем.
Ова ме натера да истражам малку повеќе и да пронајдам повеќе информации за овој македонски бренд, кој успешно опстојува толку години на пазарот.
King Code и Queen Code се лансираат пред повеќе од 20 години како линија на Алкалоид.
Непосредно по лансирањето на парфемската линија, се прошируваат и со дезодоранси во модерно и за тогаш нетипично пакување.
Во тој период беше актуелна ТВ рекламата со слоганот „Љубов на прв потег“.
Помнам дека тогаш парфемите можевме да ги купиме во продавниците на Рубин Кармин – влегуваш и уште веднаш ги чувствуваш мирисните ноти на King и Queen затоа што продавачките на „лице место“ ти даваат можност да ги пробаш тестерите (честопати знаевме пред училиште да поминеме од таму само за да се намирисаме).
Што се однесува до мирисните ноти:
Машкиот King Code претставува извонредно силна комбинација создадена за мажи со нагласена индивидуалност.
Софистицирана комбинација и богата хармонија на ноти од ориентален тутун со додаток на див лимон и италијански бергамот. Извонреден спој на мириси, за долготрајно пријатно и свежо чувство. Мирисот е комплексен и јасен и е идеален за секој индивидуалец.
Женскиот Queen Code е сензуален и елегантен, наменет за жени со голема самодоверба и индивидуалност.
Извонредно силна комбинација на овошни акорди и бели цветни ноти – буквално го исполнуваат просторот и сетилата.
Вистинска гордост е што имаме парфеми кои се македонски производ и опстојуваат повеќе од 20 години на пазарот – низ годините брендот расте и се менува, добива нов и модерен дизајн и се продава „рамо до рамо“ со светските брендови.