Топ 3 предлози за шминка на новогодишната ноќ, од нашата мејкап артистка Сања Камберска
Сања Камберска е мејкап артистка која за CRNOBELO.com во овој претпразничен период споделува неколку совети за новогодишна шминка. Светките се неизбежни, но кои трендови се изненадување?
Новогодишната ноќ заслужува и совршена шминка и тоа малку повпечатлива и посмела од обично, зарем не?
Подготвени ли сте за експериментирање за новогодишната ноќ?
Сања Камберска е мејкап артистка која за CRNOBELO.com во овој претпразничен период споделува неколку совети за новогодишна шминка.
Топ 3 мејкап изгледи за пречек на новата 2023-та година:
Светки
Блескавото око за новогодишната ноќ можеби е клише, но тоа е само затоа што е класика.
Нашиот омилен начин да носиме светкави капаци оваа сезона е во комбинација со „задебелени“ и нагласени усни.
Зелена сенка (electric green)
Зелената шминка е толку хипнотизирачка и создава толку многу длабочина во очите.
Трикот е да најдете зелена сенка за очи, богата со пигмент, за да можете да го создадете посакуваниот ефект.
Жолтата е сè
Сите жолти нијанси се совршени за акцентирање и истакнување на вашиот мејкап изглед.
Повлечете преку целиот очен капак, усните или допрете само малку во внатрешниот агол на очите за да ги осветлите вашите црни „smokey eyes“.
С. С. | Црнобело