9 работни места на кои жените не можат и не смеат да носат долги нокти (и зошто)

Слаткарница, пекарница, ресторан, болница, фабрика... Ако работите на некои од овие работни места тогаш треба да заборавите на долгите нокти со гел – зошто?

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-01.jpg

Средените нокти се задолжителни речиси за секоја жена што сака да изгледа уредно и дотерано, но постојат одредени професии, каде припадничките на понежниот пол иако сакаат, не можат да си дозволат да одат на работа со долги нокти.

На некои работни места долгите нокти со гел не се препорачуваат или се забранети заради хигиенски причини, а на некои места воопшто не се практични и може да бидат опасни.

Во продолжение погледнете на кои работни места не можете да носите долги гелни нокти:

Ветеринар

Исто како и за другите медицински работници, така и за ветеринарите важи правилото дека не смеете да имате долги нокти.

Освен што можете да имате голем број бактерии под нив, многу лесно може да ви се закачат влакната или пердувите на пациентите со кои работите.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-02.jpg

Слаткарници/Пекарници

Ако работите во слаткарница и пекарница, очекувајте дека сите нечистотии, како и голем број состојки со кои работите како брашно, шеќер, сол, квасец може да се насоберат под ноктите.

Дополнително, може да се случи декорациите и додатоците на маникирот да паднат во тестото. Бљак!

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-03.jpg

Кујна во ресторан

На готвачите и на помошниците во кујна законски им е забрането да имаат долги нокти.

За да се заштити храната од бактерии потребно е целиот персонал во кујна да носи ракавици, а има моменти кога готвачот работи и со голи раце и во тој случај долгите нокти само може да пречат.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-04.jpg

Персонал во болница

Најголемиот број болници во светот имаат регулиран кодекс на облекување според кој жените не смеат да носат долги или нокти од гел.

Иако честопати можеме да видиме медицински лица со гелни нокти, општо познато е дека долгите нокти се местото каде што се собираат голем број бактерии и дека истите не можат да се исчистат само со миење на рацете.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-05.jpg

На следната страна уште пет професии...



Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg