9 работни места на кои жените не можат и не смеат да носат долги нокти (и зошто)

Филигранистки

Со оглед на тоа што работат со ситни делови од сребро и со оган, долгите нокти не само што им пречат на жените што изработуваат филигран, туку може да бидат и опасни.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-08.jpg

Стоматолози

Сите се чувствуваат непријатно кога треба да одат на заболекар, а долгите нокти за жените стоматолози воопшто не се практични.

Прво, како и кај другите здравствени работници, може да бидат вистински расадник за бактерии, второ може да им пречат во работата.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-06.jpg

Автомеханичар

Иако кај нас нема многу жени што поправаат автомобили, сепак оние што работат во ваква работилница не можат тоа да го прават со долги нокти.

Ако некогаш сте виделе раце на автомеханичар, тогаш ќе ви стане јасно зошто.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-09.jpg

Ракување со машини

Жените што ракуваат со некаков вид машини во фабрики кои сечат пластика, дрво или стакло не можат да носат долги нокти од безбедносни причини.

Долгите нокти може лесно да бидат фатени од машините, а ноктите изработени од гел лесно се кршат и може да паднат во машината.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-10.jpg

Лаборанти

Без разлика дали работат во медицинска или во друг тип лабораторија, јасно е дека условите мора да бидат стерилни.

Заштитната опрема што ја носат во вид на ракавици, не е предвидена за техничари со долги нокти, а ако работите со опасни материи лакот за нокти многу лесно може да се избрише.

na-koi-rabotni-mesta-ne-mozhete-da-rabotite-so-dolgi-veshtachki-nokti-i-zoshto-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg