Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Eрата на густи и дебели веѓи заминува во минатото – би им се вратиле ли на тенките веѓи?

Последната деценија веѓите станаа вистинска опсесија за женската популација. Ги бојадисуваме, ги пополнуваме, ги оцртуваме, ги чешламе и од година до година ги правиме сѐ подебели и погусти. Сепак, се чини дека оваа година дојде време да се стави крај на приказната за густите и бушави веѓи.

Erata-na-gusti-i-debeli-vegju-zaminuva-vo-minatoto-bi-im-se-vratile-li-na-tenkite-vegji 01 630x330.jpg

На социјалните мрежи секојдневно почнаа да се појавуваат нови трендови: од претерано искубени - до избледени, па дури и невидливи веѓи.

Накратко, доколку ги следиме модните икони и познати лица од шоу-бизнисот лесно е да заклучиме дека дебелите и исчешлани веѓи на коишто сме навикнати полека заминуваат во историјата.

Во продолжение неколку трендови кои се претпоставува дека ќе доминираат оваа година:

„Избришани“ веѓи 

Оваа сезона на голема врата се враќаат тенките или речиси „избришани“ веѓи. Иако „избришаните“ веѓи не се и некоја новина, оваа сезона тие не се резервирани само за црвениот тепих и гала настаните, туку би можеле да ги забележите и на лицата на случајните минувачи.

Тоа го потврдуваат Живанши, Вивиен Вествуд и Дрис Ван Нотен, чии ревии (покрај фантастични парчиња облека) ги красеа и модели со „избришани“ веѓи.

Сепак, времето и личните афинитети кон модата и естетиката ќе покажат дали можеме да кажеме дека во 2022/2023 година официјално започна ерата на „избришаните“ веѓи или не.

Светли веѓи

Ако белењето на веѓите е сепак премногу екстремно, тие можат многу успешно да се осветлат. Најдобар пример за успешен тренд е Кајли Џенер.

Благодарение на посветлите веѓи, нејзиното лице доби малку „понежна“ и поблага нота и не ја наруши естетиката на која сме навикнати од неа.

За среќа, за оние на кои им недостига храброст и експериментирање, без бојадисување, со малку полесен молив и гел за веѓи, можат да добијат светли веѓи од модните писти.

Тенки веѓи

Има добри вести за оние кои и покрај сите алтернативи не можат да ги „здебелат“ веѓите на природен начин. Тенките веѓи се апсолутен хит на сите модни писти оваа есен. Добрата вест е дека следењето на овој тренд не мора да значи вадење на постоечките влакна.

Доволно е само да ги покриете постоечките веѓи со коректор и пудра, а потоа да го нацртате обликот по ваш избор. На крајот на денот, тоа го прават шминкерите, моделите и познатите личности.

И сите (природно) тенки веѓи, кои без разлика на трендовите, ги красат лицата на нивните сопственици „од кога знаат за себеси“ ќе се сложат во едно - ерата на тенки веѓи трае секогаш и засекогаш.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Идеи за сладок маникир во духот на велигденските празници Зајачиња, јајца, цветови, пиленца, разиграни бои... идеите се многу, погледнете ...
5 трикови за убавина со кои секогаш ќе изгледате средено, без многу труд Хидрирајте ги усните со балсам и давајте им предност на понеутралните нијанси на...
Исцртани веѓи и уште 7 ситници кои можат да го уништат и најдобриот изглед на повозрасните жени Маскарата на долните трепки ги нагласува брчките под очите, ако ставите премногу...
Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg