Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 причини зошто по миење косата не ви изгледа чисто и бујно како од салон

Користењето многу шампон и миењето на косата со жешка вода се едни од главните причини зошто косата не ви изгледа чисто и се мрси побрзо отколку кога ќе ви ја измијат во салон.

4-prichini-zoshto-po-mienje-kosata-ne-vi-izgleda-chisto-i-bujno-kako-od-salon-01.jpg

Веројатно сте забележале дека кога ви ја мијат косата во салон, таа делува некако почисто. Се мрси побавно и изгледа многу подобро.

Иако во голема мера за ова се одговорни професионалните продукти за коса што ги користат фризерите, можете и дома да го постигнете речиси истиот ефект. И тоа, без продукти кои ќе чинат цело богатство.

Кои грешки да ги избегнувате при миењето на вашата коса?

Ја миете косата со жешка вода

Без разлика колку уживате во туширањето со жешка вода, ова може да биде штетно за косата.

Жешката вода ќе ги отстрани сите природни масла од косата, вклучувајќи ги и корисните, па таа ќе го изгуби сјајот. Ова, пак, може да ја направи косата кршлива.

Покрај тоа, жешката вода ќе го дехидрира вашиот скалп.

Најдобро е да ја миете косата со млака вода.

4-prichini-zoshto-po-mienje-kosata-ne-vi-izgleda-chisto-i-bujno-kako-od-salon-02.jpg

Ставате многу шампон

Ако сте како повеќето, веројатно сакате да користите многу шампон кога ја миете косата, но нема потреба од ова.

Кога ставате многу шампон, потешко е темелно да ја исплакнете косата, па тој останува на неа. Поради ова, пак, ќе почне да изгледа мрсно по само ден-два.

Покрај тоа, побрзо ќе истрошите шампонот без потреба.

Количеството шампон треба да го одредите според должината и типот на вашата коса.

Ако, на пример, имате многу долга и густа коса, доволно е да ставите шампон колку зрно грозје. Ако имате виткана коса, препорачливо е да ставите малку повеќе.

Ако косата ви е до рамената, доволно е половина од ова количество.

4-prichini-zoshto-po-mienje-kosata-ne-vi-izgleda-chisto-i-bujno-kako-od-salon-03.jpg

Не го масирате скалпот

Не е доволно само да направите пена со шампонот и да ја исплакнете косата.

Кога ќе ставите шампон, важно е и да го измасирате скалпот.

Со ова ќе се осигурите дека корените ќе бидат темелно исчистени, но и ќе ја подобрите циркулацијата на скалпот, а ова ќе го подобри изгледот на косата.

4-prichini-zoshto-po-mienje-kosata-ne-vi-izgleda-chisto-i-bujno-kako-od-salon-04.jpg

Користите погрешни продукти

Постои причина зошто има шампони за сува коса или мрсна, виткана, оштетена, фарбана…

Важно е да одберете шампон кој одговара на вашиот тип коса. Не мора да купувате скапи шампони, само осигурете се дека продуктот ќе биде соодветен за вашата коса.

4-prichini-zoshto-po-mienje-kosata-ne-vi-izgleda-chisto-i-bujno-kako-od-salon-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg