Едноставни и корисни совети што ќе ви помогнат да ја скриете двојната брада

Избегнувајте блузи со високи јаки, немојте многу да ја кратите косата, а кога се фотографирате, обрнете внимание на аголот и светлото.

ednostavni-i-korisni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-skriete-dvojnata-brada-01.jpg

Двојната брада е сосема нормална појава и неретко нема никаква поврзаност со килограмите.

Постојат многу причини зошто се појавува двојна брада, вклучувајќи и возраст, лошо држење на телото, формата на лицето и генетика.

Иако многу луѓе имаат двојна брда, сосема разбирливо е ако сакате барем малку да ја прикриете вашата.

Се верува дека со одрдени вежби можете да го постигнете ова, но можете и да употребите некои трикови со кои визуелно ќе ја намалите.

Дел од нив во продолжение:

Искористете ја моќта на шминката

Со помош на техниката контурирање можете да скриете многу недостатоци, вклучувајќи ја и двојната брада.

Треба само да ставите потемна нијанса во областа на брадата и добро да ја размачкате за да не се познава контраст.

ednostavni-i-korisni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-skriete-dvojnata-brada-02.jpg

Внимателно одбирајте ја облеката

Во овој случај важно е да ја искористите облеката така што ќе го оттргнете вниманието од вашата брада.

За да го постигнете ова, дајте им предност на блузите со поголем отвор – како блузи со V израз – и избегнувајте многу високи јаки.

ednostavni-i-korisni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-skriete-dvojnata-brada-03.jpg

И косата има влијание

Кратката коса може да ја нагласи брадата, но и да направи да изгледа уште поголема.

Од друга страна, долгата коса го има спротивниот ефект.

ednostavni-i-korisni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-skriete-dvojnata-brada-04.jpg

Обрнете внимание на држењето на телото

Држењето на телото може да предизвика двојна брада, па мора да обрнете внимание на ова.

Пробајте да одите и седите исправено и држете ја главата поисправено.

ednostavni-i-korisni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-skriete-dvojnata-brada-05.jpg

Носете шалови и марами

Шаловите и марамите буквално ја кријат двојната брада, па носете ги почесто.

ednostavni-i-korisni-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-skriete-dvojnata-brada-06.JPG

Уште пет совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Трикови за шминкање со кои визуелно ќе го намалите високото чело Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg