9 грешки во негата на кожа во летниот период (поради кои таа ви е сува или со акни)
Не користите продукти со витамин Ц, не го отстранувате кремот со заштитен фактор кога ќе си дојдете дома и заборавате да направите пилинг на кожата.
Поради различните временски услови, треба да направите некои промени во негата на кожа кога ќе дојде лето.
Покрај нанесувањето крем со заштитен фактор кој е задолжителен доколку сакате да ја избегнете штетата од сончевите зраци, треба да обрнете внимание и на други ситници.
А, за да ѝ ја обезбедите најдобрата нега на кожата, важно е да ги избегнувате и следниве грешки:
Погрешно го нанесувате кремот со заштитен фактор
За да биде ефикасен, важно е правилно да го нанесете кремот со заштитен фактор.
Прво ставете малку крем на челото, образите, носот и брадата. Потоа немојте да го размачкувате на лицето, туку нанесете го со тапкање.
Ако користите крем со спреј, испрскајте на целото лице, па повторно со тапкање нанесете го на целото лице.
Не го отстранувате кремот со заштитен фактор
Слично како шминката, препорачливо е да го измиете лицето кога ќе се вратите дома дури и ако имате нанесено само крем со заштитен фактор.
Овие кремови сепак се погусти и ако не ги отстраните пред спиење, можат да ги затнат порите на кожата и да предизвикаат појава на акни.
Не користите продукти со витамин Ц
Кремовите и серумите со витамин Ц се одлични за летниот период бидејќи овој витамин делумно ја штити кожата од штетните сончеви зраци.
За да ги почувствувате ефектите, доволно е да ги нанесувате продуктите со витамин Ц преку еден ден.
Сепак, ако досега не сте користеле вакви продукти и имате многу чувствителна кожа, прво тестирајте ги на мал дел од лицето и почекајте еден ден за да се осигурите дека нема да се појави иритација.
Користите само лосиони и кремови за самопотемнување
Овие продукти се одличен начин побрзо да стигнете до посакуваниот тен, но не заборавајте дека не нудат никаква заштита од сонце.
Што значи, не треба да ги нанесувате пред излегувате на сонце, туку по туширање.