Пилинг на лице - навечер: Kога треба да ги правите третманите за убавина за да бидат ефикасни?

Кожата е најмалку чувствителна веднаш откако ќе ви заврши менструацијата, па за да чувствувате помалку болка, депилирајте се во овој период од месецот.

eksfolijacija-na-lice-navecher-koga-treba-da-gi-pravite-tretmanite-za-ubavina-za-da-bidat-efikasni-01.jpg

Некогаш не е доволно само да направите некој третман за убавина – исто важно е и кога го правите.

Некои третмани се поефикасни навечер, некои е препорачливо да ги правите во зима, а некои е најдобро да ги оставите за слободните денови.

Кога треба да ги првите најчестите третмани за убавина?

Правете пилинг навечер

Навечер, кожните клетки се регенерираат побрзо, па најдобро е да правите пилинг на лицето во тој период.

Покрај тоа што подобро ќе ја исчистите кожата, навечер таа подобро ќе ги впие корисните и хранливи состојки, па продуктот за пилинг ќе биде поефикасен.

eksfolijacija-na-lice-navecher-koga-treba-da-gi-pravite-tretmanite-za-ubavina-za-da-bidat-efikasni-02.jpg

Депилирајте се веднаш откако ќе ви помине менструацијата

Поради хормоналните промени, чувствителноста на кожата кај жените се менува постојано.

Непосредно пред и за време на менструација, нашата кожа е најчувствителна, што значи во овие денови депилацијата би била најболна.

Од друга страна, откако ќе помине менструацијата, чувствителноста е на најмало ниво, па ќе чувствувате помала болка.

eksfolijacija-na-lice-navecher-koga-treba-da-gi-pravite-tretmanite-za-ubavina-za-da-bidat-efikasni-03.jpg

Нанесувајте ги лосионите за самопотемнување кога сте слободни следниот ден

Потребни се неколку часа за да забележите каков било ефект од лосионите за самопотемнување. А, дури откако ќе го забележите ефектот, можете да воочите дали сте нанеле повеќе на некои делови од телото и дали тенот е рамномерен.

Поради ова, препорачливо е да ги нанесувате овие лосиони кога сте слободни следниот ден за да имате време да ги исправите грешките.

eksfolijacija-na-lice-navecher-koga-treba-da-gi-pravite-tretmanite-za-ubavina-za-da-bidat-efikasni-04.jpg

Лосионот за тело нанесувајте го по туширање

По туширањето, порите на кожата се темелно исчистени и кожата подобро ќе го впие лосионот.

Покрај тоа, кога кожата е целосно чиста, не постои ризик да ги „заглавите“ нечистотиите во порите со лосионот, а со тоа го намалувате ризикот од појава на мозолчиња.

eksfolijacija-na-lice-navecher-koga-treba-da-gi-pravite-tretmanite-za-ubavina-za-da-bidat-efikasni-05.jpg

Ласерските третмани за отстранување влакна треба да се изведуваат во зима

Препорачливо е да правите ласерски третмани за отстранување влакна во постудените месеци.

По овие третмани кожата е почувствителна и треба да избегнувате директна сончева светлина недела-две, па затоа е најдобро да ги правите кога времето не е многу сончево.

eksfolijacija-na-lice-navecher-koga-treba-da-gi-pravite-tretmanite-za-ubavina-za-da-bidat-efikasni-06.jpg

Не ги лакирајте ноктите навечер

На лакот за нокти можат да му бидат потребни и неколку часа за целосно да се исуши, особено ако сте ставиле подебел слој.

Па, ако ги лакирате ноктите навечер, сигурно ќе ги „залепите“ и истриете од перницата или креветот и ќе го уништите маникирот.

eksfolijacija-na-lice-navecher-koga-treba-da-gi-pravite-tretmanite-za-ubavina-za-da-bidat-efikasni-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме сите (а се штетни за кожата) Комбинирате AHA и BHA киселини со ниацинамид и правите пилинг секој ден - на кои...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg