Илузија на кратка коса, и покрај должината – Фризурата „пеперутка“ е вистински хит оваа сезона (фото)

Од различни верзии на боб фризури до ултракратки, постојат многу верзии, а скратувањето на долгата коса за многумина претставува олеснување, но и неопходна промена.

Frizurata-peperutka-e-vistinski-hit-ovaa-sezona-01.jpg

Сепак, многумина не се подготвени целосно да се збогуваат со долгите кадрици. Затоа, најдобро е да се одбере фризура која спаѓа некаде помеѓу долгата и кратката коса. Една од нив е т.н. фризура „пеперутка“, чија популарност расте.

Фризурите во форма на пеперутка се всушност две фризури во едно и ви даваат можност да си поиграте со идејата за пократка коса без да мора да ја потстрижете долгата коса.

„Sunny Butterfly“, како што ја нарекуваат, е фризурата што најлесно се опишува како оптичка илузија со која можете да го промените стилот и да создадете впечаток на голема промена.

За да ја постигнете оваа фризура, потребно е внимателно да ги комбинирате пократките слоеви на горниот дел од главата со подолгите слоеви на косата. Пократките слоеви треба да завршуваат веднаш под брадата, додека подолгите треба да бидат до или малку под рамената. Ваквите слоеви ќе создадат лелеаво движење во косата и ќе ја подобрат текстурата.

Кога вашата коса е опуштена, ќе добиете прекрасни обединети слоеви, а колку повеќе го кревате подолгиот дел од косата, толку пократките делови ќе дојдат до израз и ќе создадат илузија на кратка фризура.

Како изгледа хит фризурата „пеперутка“ за оваа сезона?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg