Направете волуменозно опавче како на Џеј Ло за 2 минути - нејзиниот стилист го открива трикот (видео)
Нема да ви бидат потребни ниту посебни препарати, ниту екстензии, ќе треба да земете само два ластичиња и чешел. Бујното опавче во стилот на Ким Кардашијан и Џеј Ло можете да го направите само за 2 минути, а нивниот стилист покажа во што е трикот.
Крис Апелтон е стилист кој соработува со Ким Кардашијан, Дуа Липа, Џеј Ло, Аријана Гранде... Тој на својот ТикТок профил редовно открива трикови што ќе го подобрат вашиот секојдневен изглед, дури и кога ја средувате косата набрзина.
За оние што сакаат да ја носат косата во опавче, а се разочарани затоа што им се чини дека немаат доволно волумен на косата, Крис откри едноставен трик што многу лесно можете да го направите дома и да добиете поголем волумен без никакви препарати и без екстензии за коса.
За да го направите овој трик ќе ви бидат потребни само две ластичиња за коса, а постапката е следна:
- Косата се дели на половина и горниот дел од неа се чешла и се собира во опавче.
- Долниот дел од косата исто така се чешла, се дели на два странилни дела што се собираат со ластиче над претходно направеното опавче (од горниот дел на косата).
Погледнете го видеото и ќе ви стане јасно дека трикот е мошне едноставен, а резултатот е неверојатен:
Погледнете повеќе фотографии од Крис во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CZe8eafpE70/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело