8 најчести грешки поради кои шминката не ви изгледа добро
Дебелиот слој коректор можеби целосно ќе ги скрие подочниците, но не изгледа добро ниту природно. Па, во овој случај умереноста е многу важна.
Целта на шминкањето е да ги скриеме недостатоците и да ги истакнеме карактеристиките на нашето лице што ни се допаѓаат.
Но ако правите одредени грешки, тогаш шминкањето може да го постигне спротивниот ефект.
Погледнете кои се најчестите грешки при шминкање поради кои шминката не ви изгледа добро:
Нанесувате многу коректор на подочниците
Коректорот ќе ви помогне да ги скриете темните кругови под очите, но само ако го нанесете правилно.
Ако нанесете многу коректор, дебелиот слој може да го постигне спротивниот ефект, односно да ги истакне темните кругови што сакате да ги прикриете.
Најдобро е да нанесете неколку мали точки од коректорот на подочниците и потоа нежно да го размачкате со прстите или со четка.
Ги исцртувате веѓите наместо само да ги „пополните“
Треба да бидете умерени со моливчињата и сенките за веѓи.
Наместо да ги исцртате веѓите, ќе добиете многу поприроден изглед ако само ги пополните со моливче или сенка.
Ова е сосема доволно за вашите веѓи да изгледаат погусто.
Неправилно ги исцртувате рабовите на усните со моливче
Немојте да цртате тенка линија на рабовите на усните и потоа само да нанесете кармин.
За подобар изглед, откако ќе го нанесете моливчето, малку размачкајте го со прстот, па дури потоа нанесете кармин.
Не правите пилинг на усните и не користите лабело
Кога станува збор за изгледот на усните, не е важно само како ќе ги исцртате и како ќе го нанесете карминот. Исто важна е и негата на усните.
Препорачливо е еднаш неделно да правите нежен пилинг на усните, а кога не носите кармин, нанесувајте лабело.