8 најчести грешки поради кои шминката не ви изгледа добро
Ставате камена пудра на целото лице
Камената пудра не е задолжителна и никако не треба да ја нанесувате на целото лице. Вака само ќе ги нагласите брчките и несовршеностите.
Најдобро е да ја нанесувате камената пудра на челото и носот. Ако имате многу мрсна кожа, немојте да нанесувате пудра откако ќе ви се измрси лицето. Наместо тоа, нежно соберете ги маслата со обична тоалетна хартија.
Нанесувате пудра директно на лицето
За поприроден изглед, не е препорачливо да нанесете само пудра на лицето.
Пред да се нашминкате, исчистете го лицето и нанесете хидратантен крем, по можност со заштитен фактор, па дури потоа ставете и пудра.
Уште подобро ако користите прајмер или друга подлога за шминка.
Ги затворате очите додека ставате туш
За да се осигурите дека правилно ќе го нанесете тушот, нанесувајте го додека окото ви е отворено.
Ако имате спуштени очни капаци и го нанесете тушот на затворено око, кога ќе го отворите нема да изгледа добро.
Ја растегнувате кожата кога ставате туш
Можеби ви се чини полесно да го нанесете тушот откако ќе ја растегнете кожата, но избегнувајте да го правите ова од слични причини како претходниот совет.
Кога ќе ја растегнете кожата, а потоа ја пуштите, линијата од тушот ќе изгледа многу поразлично.
Спирова С. | Црнобело