Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка од Данска престанала да ги средува веѓите и надусниците: „Не ми е гајле што мислат другите“

Елдина (31) од Данска, редовно добива навредливи пораки затоа што не сака да ги отстрани мустаќите и густите веѓи. Девојката вели дека се одлучила за овој изглед за да избегне неуспешни состаноци и лоши мажи.

devojka-od-danska-prestanala-da-gi-sreduva-vegjite-i-nadusnicite-ne-mi-e-gajle-shto-mislat-drugite-01.jpg

Пораснала во град во кој ригорозно се држат до нормите на женската убавина. Како што поминувале годините таа била сè повеќе фрустрирана заради притисокот кој се врши врз жените за очекувањата како треба да изгледаат за да бидат прифатени во друштво.

Во март минатата година решила веќе да не ги средува веѓите и да не ги отстранува влакната над усните.

„За разлика од мажите, од нас се очекува да трошиме многу повеќе време и пари за изгледот. Ако мажот не се бричи, никој нема да му коментира за тоа. Затоа одлучив да не си бидам критичар. На пример, порано не можев да замислам да излезам од дома со несредени веѓи, или да одам во теретана ако малку ми се подраснати влакната на нозете. Сега е поинаку.“ – изјавила Елдина.

Со прифаќање на себеси онаква каква што е, си ја вратила самодовербата и не ја интересираат туѓите коментари за нејзиниот изглед, иако многумина не го прифаќаат ова како соодветно.

„Воопшто не ми е гајле што мислат другите. Секој нека си прави што сака. Би сакала луѓето помалку да се замарааат со тоа како треба да изгледаат жените. Се случува на улица да ми пријдат непознати и да ми кажат дека им е драго што не сум иста како сите останати, но некои само викаат и ме вреѓаат.“

„Научив да бидам креативна и поотворена. Сепак внимавам каде одам затоа што луѓето знаат да бидат и агресивни заради мојот изглед. Сите сме различни и тоа е во ред. Нема правилно и погрешно. Секој има право да изгледа како што сака. Не сум ниту против бричење, ги поддржувам сите оние кои сами одлучуваат како да изгледаат.“ – вели Елдина.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпор...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...
Козметичарка од Мелбурн прави нокти со луди 3Д дезени: „Некогаш ми одземаат и по 14 часа“ (фото) Млада козметичарка од Мелбурн е препознатлива по лудите 3Д дезени на нокти, а ве...
Лесни трикови кои ќе ја нагласат убавината на дамите во години Заборавете на црно моливче за очи, обликувајте ги веѓите и внимавајте каква пудр...
Инстаграм vs. Реалност: Девојка со лузна од 17cm на стомакот го прикажува искрено своето тело „Треба да ги нормализираме лузните. Многу луѓе ги имаат – било да се од животосп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg