Инстаграм vs. Реалност: Девојка со лузна од 17cm на стомакот го прикажува искрено своето тело
„Треба да ги нормализираме лузните. Многу луѓе ги имаат – било да се од животоспасувачка операција или царски рез. Ве молам, престанете да го гледате телото само низ призма на изгледот...“, порачува Соф Хјуз од Велика Британија.
Соф Хјуз е плус сајз модел од Велика Британија, кој шири позитивност за сите типови на тела на Инстаграм.
Таа има 93.000 следбеници со кои постојано споделува како изгледа нејзиното тело во кадрите за на Инстаграм, а како во реалноста.
Позната e по својот активизам на тема искреност за изгледот на нашите тела и рушење на строгите стандарди за убавина.
Хјуз има лузна од 17 сантиметри по должината на стомакот по операција, која ѝ помогнала да му го спаси животот на нејзиниот внук.
За својата лузна таа вели:
„Треба да ги нормализираме лузните. Многу луѓе ги имаат – било да се од животоспасувачка операција или царски рез.
Зошто не се претставени почесто во светот на модата?
За сите што се борат со постоперативна лузна – ве молам, престанете да го гледате телото само низ призма на изгледот. Почнете да размислувате за сите неверојатни работи што вашето тело може да ги направи.
Вашата лузна е симбол на опстанок, без разлика дали е од трауматично искуство или од раѓање на нов живот.
Лузните секогаш носат приказна – приказна на која треба да сте горди.
Но, да бидеме искрени – учењето да се прифати своето тело може да трае со години. Тоа е процес што никогаш не завршува.
Тажно е што толку многу жени навистина се борат со својата телесна слика.
Кога бев тинејџерка, сè што ти сервираа беа слаби жени. Девојки со облини – особено девојки со облини и лузни – не постоеја во таа слика.
Но, мислам дека работите полека се менуваат и одиме напред. Се претставуваат секакви жени – од жени во инвалидски колички до жени со облини – и тоа е прекрасно.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





