Практичен водич за најупотребуваните серуми за лице – што да одберете за вашата кожа?
Серуми за хидратација
Хидратантните серуми вклучуваат состојки кои помагаат да се задржи влажноста врз кожата. Постојат неколку основни состојки во серумот кои нудат супер хидратација за кожата.
Тие функционираат како „супер хидратантни“ состојки кои имаат способност да задржат вода до 1.000 пати повеќе од сопствената тежина и ѝ ја даваат на вашата кожа влажноста што и е потребна.
Состојки кои треба да ги барате во серумите за хидратација:
- Витамин Е
- Хијалуронска киселина (Hyaluronic Acid)
- Ниацинамид (Niacinamide)
Серуми за проблематична кожа
Овие серуми вклучуваат комбинации на состојки кои го раствораат вишокот себум (маслото во кожата) и прават нежна ексфолијација на горните слоеви на кожата.
Овие серуми обично се комбинација на ензими и/или ексфолијатори со AHA и BHA.
При изборот на серум за акни може да биде важно и која е причината за нивната појава. Затоа, доколку имате акни и сакате да користите серу за таа намена, најдобро е да се консултирате со дерматолог.
Серуми за осветлување на кожата
Осветлувачките серуми вклучуваат екстракти кои влијаат врз меланоцитите на кожата. Меланоцитите се клетки кои произведуваат меланин и ѝ даваат боја на кожата.
Постојат бројни работи кои влијаат на пигментацијата на вашата кожа, вклучувајќи ја и возраста.
Состојки кои треба да ги барате во серумите за осветлување:
- Гликолна киселина (Glycolic acid)
- Ниацинамид (Niacinamide)
- Витамин Ц (Vitamin C)
Серуми против стареење на кожата
Серумите против стареење имаат тенденција да вклучуваат различни комбинации од сите горенаведени, ПЛУС напредни состојки како пептиди и матични клетки.
Овие состојки ја зголемуваат целокупната јачина на кожата, го поддржуваат здравјето на клетките и ја зголемуваат способноста на кожата да се „бори“ против стареењето.
Состојки кои треба да ги барате во серумите против стареење:
- Ретиноиди (Retionids)
- Пептиди (Peptides)
- Ниацинамид (Niacinamide)
- Хијалуронска киселина (Hyaluronic acid)
- Антиоксиданти како витамин Ц и витамин Е
Дополнителни совети:
1. Серумите секогаш нанесувајте ги на чиста, сува кожа. Особено внимание обрнете на ретинолот кој не е препрачливо да се меша со вода. Направете разлика од најмалку 30 минути помеѓу миење на лицето со вода и употребата на ретинол.
2. Серумите нанесувајте ги со благо тапкање и благ притисок со прстите на кожата за поголеми резултати. Никако немојте да ги размачкувате по лицето.
3. Ако имате проблематична кожа и сакате да почнете со уптореба на нов серум, секогаш е препорачливо прво да се консутлрате со експерт. Исто така, прво тестирајте го серумот на мал дел од лицето пред да почнете да го користите.
(О)Милена | Црнобело