Трикови и домашни третмани за суви дланки - периодов сигурно го имате овој проблем

Кожата на нашите дланки е изложена на секакви влијанија, а поради тоа е подложна на сушење, иритација и чешање.

trikovi-i-domashni-tretmani-protiv-suvi-dlanki-01.jpg

Периодов, пак, бидејќи често користиме антибактериски гелови и многу почесто ги миеме рацете, дланките трпат уште поголема штета.

Ова не значи дека треба да престанете со миењето раце, туку можете да пробате некој од следниве трикови кои ќе ви помогнат да се справите со сувоста и иритацијата на дланките:

Нанесувајте крема секогаш после миење

Бидејќи кожата брзо ја губи влажноста после миењето раце, важно е да нанесувате крема.

Откако ќе ги измиете рацете, нанесете ја кремата додека дланките се сè уште малку влажни. Не допирајте ништо додека кремата не се впие целосно.

trikovi-i-domashni-tretmani-za-suvi-dlanki-02.jpg

Интензивен третман преку ноќ

Додека спиете, можете да ги негувате вашите дланки. На овој начин, продуктите ќе имаат повеќе време да се впијат, па резултатот ќе биде подобар.

Пред спиење, одберете помасен лосион или крема. Можете да нанесете и кокосово масло, гел од алое вера и слично. Потоа ставете памучни ракавици и одете на спиење, а следното утро извадете ги ракавиците.

trikovi-i-domashni-tretmani-za-suvi-dlanki-03.jpg

Ексфолијација

Ексфолијацијата е третман со кој се отстрануваат мртвите кожни клетки и се поттикнува обновувањето на кожата.

За повеќето луѓе, доволно е да прават ексфолијација 1-2 пати неделно. Сепак, ако забележите црвенило или каква било иритација после третманот, подобро избегнувајте го.

За овој третман не ви е потребен салон, туку само 2 лажички кокосово масло и 2 лажици шеќер. Измешајте ги состојките, нанесете ја смесата на кожата, масирајте нежно околу една минута и исплакнете со вода.

Шеќерот можете да го измешате и со други маслa, како од јојоба или семки од грозје. Можете да додадете и есенцијални масла или витамин Е.

trikovi-i-domashni-tretmani-za-suvi-dlanki-04.jpg

Купка за дланки

Купката за дланки е уште еден одличен третман за хидрирање на кожата.

Измешајте една шолја смелен овес и 3 лажици маслиново масло. Ставете ги состојките во поголем сад со топла вода и измешајте. Потопете ги дланките во смесата околу 10 минути, исушете ги и нанесете хидратантна крема.

Маслиновото масло има витамин Е кој ја штити кожата од инфекции. Овесот, пак, ја омекнува кожата и ја хидрира.

trikovi-i-domashni-tretmani-za-suvi-dlanki-05.jpg

Обрнете внимание на миењето раце

Честото миење раце ја суши кожата, но има решение и за тоа.

Избегнувајте да ги миете рацете со жешка вода – таа само ја суши кожата, а не е поефикасна од студената.

Најдобро да користите течен сапун, а кога ги бришете рацете, немојте да ги триете со крпата. Подобра само „тапкајте“ ги додека да се исушат.

trikovi-i-domashni-tretmani-za-suvi-dlanki-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg