Топ 5 машки парфеми за лето 2018
Доаѓањето на летото означува и промена на вашиот парфем. Летните лесни и освежителни мириси ќе ве задржат во духот на топлото сонце, песочните плажи и дефинитивно ќе ви го кренат расположението.
Затоа можеби е време да одберете некоја полесна нота за ова лето.
Во продолжение, најдобрите предлози на машки парфеми за лето 2018та:
Prada - Luna Rossa Black
Последниот лансиран машки парфем од познатиот бренд Prada е совршен за летните ноќи.
Неговиот луксузен и енергичен мирис со додатоци на бергамот и анџелика ќе направи да мирисате неодоливо цело лето.
Burberry - Mr Burberry Indigo
Најновата едиција на Burberry со мирис на црна рибизла, лимоново масло и рузмарин e совршен летен избор за секој маж.
Giorgio Armani - Acqua Di Gio Absolu
Новата верзија на оригиналниот Acqua Di Gio од 1996-та година носи класичен „дрвен“ мирис со додаток на овошје.
Овој навистина мажествен мирис е склопен во одлично пакување кое дефинитвно ќе биде фаворит ова лето.
Chanel - Bleu de Chane
Првата варијанта на овој парфем излегува во 2010-та година, следејќи ја понова верзија во 2015-та. Сега Шанел го претставува новиот и подобрен машки парфем со дрвена арома помешана со додатоци од цитрус, кедар и сандаловина.
Dolce & Gabbana - Light Blue Italian Zest Pour Homme
Новата лимитирана верзија на овој одличен парфем ќе ве натера да се почувствувате како да сте на Медитеранот, со коктел на освежителни мириси како грејпфрут, мандарина и рузмарин.
К. Д. | Црнобело