Познати дами кои ги прославија нивните „мани“ – сега им се заштитен знак

Кејт Босворт (35)

Кога е генетиката во прашање, никој не може да оди против природата. Сте забележале ли дека американската актерка има очи со различна боја?

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-11.jpg

Ова го наследила од родителите, а научниот назив за состојбата е хетерохромија. Едното око ѝ е сино, додека другото е кафеаво. И, таа изгледа прекрасно.

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-12.jpg

Кејт Босворт никогаш не користела леќи за да ги сокрие шарените очи. Напротив. Честопати и намерно ги истакнува со шминка, ставајќи ги во преден план.

Леа Мишел (31)

Заради големиот нос и неконвенционалниот изглед, Леа Мишел многупати слушнала дека „не е доволно убава за на телевизија“.

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-13.jpg

Сепак, актерката и пејачка никогаш не се грижела за таквите коментари. Иако многу жени на нејзино место уште одамна ќе го оперираа носот, таа отсекогаш била против хируршка интервенција.

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-14.jpg

И самата го потврди ова во едно интервју, порачувајќи: „Не мора да изгледаш како сите други девојки околу тебе. Сакај го она што си.“

Вини Харлоу (23)

Младата канадска топ моделка се прослави во американското реално шоу „America's Next Top Model“, најмногу поради ретката кожна болест.

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-15.jpg

Вини Харлоу е родена со витилиго, па ѝ се јавуваат бели дамки на различни делови од телото, вклучувајќи го и лицето. „Флеките“ настануваат од губитокот на пигмент во кожата.

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-16.jpg

Откако се појави на малите екрани, модната сцена полуде по неа. Денес е главна ѕвезда на мноштво кампањи, како и заштитно лице на бројни дизајнерски куќи.

Лорд (21)

Новозеландската кантавторка е една од ретките ѕвезди кои со гордост зборуваат за своите акни. И не само што не се срами од нив – туку и ги покажува.

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-17.jpg

Отворено говореше дека со години има мака со акните, но дека научила да ги сака, па сега тие се составен „дел од нејзиниот имиџ“.

poznati-dami-koi-gi-proslavija-nivnite-mani-sega-im-se-zashtiten-znak-18.jpg

За девојките кои се натрупуваат со слоеви пудра за да ги прикријат мозолчињата, Лорд е вистински пример дека дури и тие може да бидат симбол за нечија уникатна убавина.

М. А. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg