5 причини зошто добро да размислите пред да направите шишки

Тие можеби ќе ве подмладат, но дали знаете дека ќе ви донесат многу главоболки? Ќе се фатите како некогаш ги миете само нив под тушот...

5-prichini-zoshto-dobro-da-razmislite-pred-da-napravite-shishki-01.jpg

Шишките навистина ве подмладуваат и го менуваат целокупниот изглед, но сепак треба добро да размислите пред да ја донесете оваа одлука.

Можеби ви се допаѓа фризурата со шишки на некоја колешка или другарка, но дали некогаш сте ја запрашале колку главоболки ѝ носат тие?

Пред да се одлучите на овој чекор треба добро да размислите поради 5 причини:

Шишките се обврска

Дали сакате шишки само затоа што ви здодеа сегашната фризура и преку глава ви е од рутина?

Треба да знаете дека шишките ќе ви станат нова и уште потешка рутина. Тие бараат секојдневно одржување и стилизирање.

Плус, ако не ви се допаѓаат ќе треба да чекате долго време додека да ви пораснат како другиот дел од косата.

Шишките го „преобликуваат“ лицето

Шишките визуелно ви го затвораат челото и го менуваат изгледот на лицето. Затоа пред потстрижувањето треба да знаете што точно сакате да постигнете.

Дали сакате визуелно да ви го скратат челото? Дали лицето со нив ќе ви изгледа пошироко? Мора да имате јасна визија пред да седнете на фризерското столче.

Важен е типот на косата

Лесно е да ги одржувате шишките ако имате тенка коса, но што ако таа е остра, непослушна или виткана?

Ако ви е тешко да ја дисциплинирате косата, тогаш шишките не се најдоброто решение за вас. Ако веќе правите подобро е да направите слоевити шишки, отколку рамни.

Не сте професионалец

Обликувањето на шишките најдобро е да им го препуштите на професионалците. Пред да појдете таму, прво пронајдете фотографија од фризура каква што сакате за да знаат точно каква е вашата замисла, а потоа препуштете на нив.

Послушајте ги нивните совети, тие најдобро може да ја проценат вашата коса.

Ќе ви се мрсат често

Шишките постојано ќе ви бидат во допир со челото и затоа ќе ви се мрсат многу побрзо од останатиот дел од косата.

Плус, потта од челото во комбинација со шминката и препаратите за коса може да предизвикаат иритација и акни на челото.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg