Што открива за вас парфемот кој го користите?

Како што ја бираме облеката, чевлите и модните додатоци да одговараат на нашиот стил и карактер, така и парфемите можат многу да откријат за тоа каква личност всушност сме.

shto-otkriva-za-vas-parfemot-koj-shto-go-koristite-2.jpg

Кога ќе го пронајдеме вистинскиот парфем, тој едноставно станува дел од нас, заштитен и препознатлив знак, мирисна нота по која што сите не препознаваат.

shto-otkriva-za-vas-parfemot-koj-shto-go-koristite-3.jpg

Па така, колку што има категории на мирисни ноти, толку истите зборуваат за карактерот на личноста која ги носи.

Цветни парфеми

Ова е најстарата парфемска мирисна група. Речиси секоја жена ужива да мириса на пролетен букет цвеќе. Овие парфеми отсликуваат живост и женственост, но и смиреност, а во исто време и истакнување.

Личностите кои сакаат цветен парфем се комуникативни, љубопитни и оптимисти, а во исто време тврдоглави и романтични.

Предлози: „Bamboo“ на Gucci или „Flower Bomb“ на „ictor and Ralf

shto-otkriva-za-vas-parfemot-koj-shto-go-koristite-4.jpg

Ориентални парфеми

Личностите кои уживаат во ориенталните мирисни ноти зрачат со одважност, таинственост и сензуалност.

Ваквите мириси ги бираат оние кои сакаат да бидат забележани, кои обожаваат флерт, а имаат длабок и испреплетен карактер кој ретко ги остава другите рамнодушни.

Предлози: „Opium“ на Yves Saint Laurent и „Shalimar“ на Guerlain

shto-otkriva-za-vas-parfemot-koj-shto-go-koristite-5.jpg

Цитрусни парфеми

Жените кои ги носат овие мириси се амбициозни, лидери, а во исто време и вистински пријатели, лежерни и не се плашат од промени.

Иницијативите и предизвиците се секогаш во нивни раце, како и потребните промени што треба да се направат за да се дојде до решение на некој проблем.

Предлози: „Cool Water“ на Davidoff и „Aqua Allegoria Lemon Fresca“ на Guerlain

shto-otkriva-za-vas-parfemot-koj-shto-go-koristite-6.jpg

Ароматично-зачински парфеми

Креативни, сакаат необични нешта, амбициозни, великодушни, но и љубители на природата - вака може да се карактеризираат девојките кои ги закаат наметливите зачински ароми.

Во љубовта најважно им е да се зачува слободата која ја имаат како личност.

Предлози: „Alien“ и Angel Muse на Thierry Mugler

shto-otkriva-za-vas-parfemot-koj-shto-go-koristite-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлози за разиграни нокти за лето 2024 Колку повпечатливо и пошарено, толку подобро... Дали и вие го имате овој став ко...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg