Нов бизарен тренд - веѓи „рибина коска“ (фото)
Смел, впечатлив, дури и малку „ѓаволски“ изглед? Што мислите за новиот тренд за веѓи?
Дали мислевте дека чудните трендови со веѓите ќе останат во 2017 година? Верувајте, нови и почудни доаѓаат во 2018.
Сега во тренд се веѓи во форма на рибина коска. Веѓата се дели на два дела од кои едниот оди нагоре, а другиот нормално продолжува надолу со малку празен простор помеѓу двата дела.
На Инстаграм има многу вакви фотографии, иако дел од нив се дигитално средувани. Најверојатно да се направи тест на реакцијата на околината пред трендсетерките навистина да се осмелат на овој храбар чекор.
Остриот шпиц нагоре на веѓите „рибина коска“ дава малку ѓаволски изглед.
Што мислите за овој бизарен тренд, дали ќе стане практика и годинава ќе гледаме девојки со вакви веѓи на улиците:
С. С. | Црнобело