7 загрижувачки причини зошто треба да престанете да ја бојадисувате косата

Ќе заштедите време и пари, а косата повеќе нема да ви биде сува и кршлива.

7 zagrizuvachki prichini zoshto treba da prestanete da ja bojadisuvate kosata 001

Кога сакате да го промените изгледот драстично, а за малку пари, не постои подобар начин од бојадисувањето на косата. Илјадници години наназад луѓето си ги бојадисуваат косите. Информации за ова постојат уште од времето на древните Египќани.

Бојадисувањето е лесно и забавано, но сепак постојат повеќе причини зошто не е добра идеја.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-01.jpg

Бојадисувањето на косата подразбира пенетрирање на хемикалиите од фарбата во кутикулите на вашата коса. Процесот ја менува структурата на влакното, па тоа може да има поинаква текстура по бојадисувањето.

Еве 7 загрижувачки причини зошто треба да престанете да ја бојадисувате косата:

Бојадисувањето може да предизвика паѓање на косата

Никој не сака да ја изгуби косата, особено не ако сте жена. Според едно истражување, губењето на косата од постојаното бојадисување технички е пукање на влакната, но тоа може да се случи во голема мера, па да изгледа како да сте изгубиле многу коса.

Острите хемикалии ја прават косата кршлива и оштетена. Со текот на времето состојбата на вашите влакна само ќе се влошува.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-02.jpg

Може да предизвика алергиска реакција.

Повеќето фризерски салони ќе ви препорачаат тест пред да започнете да користите некоја фарба за коса. Истражувањата покажуваат дека многу од фарбите ја содржат хемикалијата парафенилендиамин, која е позната како иритатор на кожата.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-03.jpg

Некои фарби за коса може да се поврзат со ракот

Деновиве изгледа како сѐ да е поврзано со ракот. Националниот институт за рак објаснува дека во денешните фарби има и преку 5.000 хемикалии и некои од нив се канцерогени.

За да бидете безбедни, најдобро е да ги избегнете овие остри хемикалии така што нема да користите фарби за коса.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-04.jpg

Бојадисувањето ви ја суши косата

Сувата коса е проблем за многумина, без разлика дали е бојадисана или не. Сушењето со фен, пеглањето, виткањето и сите активности кои вклучуваат топлина прават оштетувања на косата.

Работите се уште полоши ако користите пероксид на вашата коса, што е најчесто база на фарбите. Тој е одличен за осветлување на косата и нејзино подготвување за нова боја, но ги суши влакната.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-05.jpg

Одржувањето е скапо

Секој месец трошите пари на потстрижување и фенирање на косата, а кога ќе додадете на тоа пари за бојадисување, сумата може да стане доста голема. Дури и сами да ја бојадисувате косата, од време навреме сигурно имате итни посети на фризерскиот салон. Замислете само колку пари може да заштедите.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-06.jpg

Одзема време

Бојадисувањето на косата не чини само пари, туку и време. Не постои ништо полошо од користење на слободен сончев ден за бојадисување на косата.

Во ова динамично време, тие неколку заштедени часа добро ќе ви дојдат.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-07.jpg

Можете да станете седи достоинствено

Сосема е нормално да посакувате да можете да го свртите часовникот назад во времето пред вашата коса да започне да станува седа. Бојадисувањето на косата е добро решение, но уште подобро е да станете седи сосема природно. Многу жени што го прават ова велат дека е одличен чекор за зајакнување на самодовербата.

Плус, ќе се изненадите колку убава може да биде оваа нијанса.

7-zagrizuvachki-prichini-zoshto-treba-da-prestanete-da-ja-bojadisuvate-kosata-08.jpg

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
4 работи што најмногу ја оштетуваат косата (и како да ја вратите во нормала) Ако косата ви е искината од многу затегнати фризури или грубо чешлање, можете да...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg