Нова линија на Eucerin® DermoPure - за почиста и мазна кожа

Со новата линија DermoPure, Eucerin®претставува нови и подобрени производи за луѓе со кожа, склона кон акни. Производите од линијата ефикасно се борат со акнеичните промени на кожата и ги смируваат иритациите, при што истовремено ја спречуваат појавата на нови. Новиот производ Eucerin®DermoPure Регенеративна нега за кожа склона кон акни ефикасно делува уште од првото нанесување, и води до почиста и помазна кожа со тек на времето.

nova-linija-eucerin-dermopure-za-pocista-i-mazna-kozha-01.jpg

Здравата кожа изгледа чиста и мазна. Приближно 80% од сите луѓе на возраст меѓу 11 и 30 години страдаат од акни, т.е. комедони, папули, пустули, понекогаш дури и цисти. Како резултат на тоа нивната кожа изгледа нечисто и е со воспалителни промени. Тоа е така, бидејќи во пубертетот производството на себум во порите и себацеалните жлезди е индуцирано од андрогените хормони. Дополнително, во себацеалните изводни канали има зголемена количина на мртви епидермални клетки. Но, не се засегнати само тинејџерите: за 20% од тие, коишто страдаат од акни за време на пубертетот, проблемот продолжува и подоцна и има големо влијание на начинот на живеење и во текот на повеќе години.

100-годишно искуство во областа на медицинската нега за кожата, за да се постигне контрола врз кожата, склона кон акни.

Кожата склона кон акни не е само естетски проблем. Луѓето со овој проблем треба да се справат и со воспаленијата, коишто можат да бидат болни и да имаат психолошки ефект на нивниот живот. Со над 100-годишното искуство во областа на медицинска козметика и новата линија Eucerin® Dermo Pure, Eucerin® знае како да им помогне на корисниците да ја преземат контролата над нивната кожа, склона кон акни.

Производите од новата серија водат до почиста и помазна кожа. Линијата предлага 10 производи, во коишто спаѓа и новиот Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега, којшто е центар на целиот асортиман. Препорачливо е да се користи навечер. Тој ги комбинира сите активни состојки, коишто ја подобруваат состојбата на кожата, со што обезбедува видливи резултати само после една седмица употреба.

nova-linija-eucerin-dermopure-za-pocista-i-mazna-kozha-02.jpg

Иновативна комбинација од состојки, за помазна и почиста кожа

Формулата во иновативниот нов производ Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега ефикасно го намалува црвенилото, ги отвара порите и ја заштитува кожата од појава на нови комедони. Ефикасно дејствува уште од првото нанесување, доведувајќи до почиста и мазна кожа со тек на времето. Моќниот 10% хидрокси комплекс содржи високоефикасна комбинација од пилинг честички: гликолна, салицилна и полихидроксилна киселина. Тие се особено погодни за кожа склона кон акни, со тоа што помагаат да се намали хиперкератозата и последователно комедоните. Освен тоа, производот има и силно антибактериско дејство во текот на ноќта. Благодарение на ликохалконот A и силно концентрираниот декспантенол, води до смирување на иритациите и помазна кожа.

Подобрената формула на целата серија Eucerin®DermoPure сега е уште поефикасна и се предлага во различни форми. Вклучени се високоиновативни комбинации од состојки како салицилна киселина, ликохалкон и карнитин. Салицилната киселина има антибактериско и комедонолитично дејство, со што ефикасно ги отстранува неправилностите на кожата и ја спречува појавата на нови. Двојно количество на ликохалкон А е вклучено за спречување  на микровоспаленијата, а карнитинот, активна состојка на кожата има себорегулирачко дејство.

Оваа комбинација од моќни активни состојки и ниска pH ги прави производите од линијата Eucerin® Dermo Pure исклучително иновативни и ефикасни. Клиничките и дерматолошките иследувања докажуваат многу висока ефикасност и подносливост од кожа, склона кон акни.

nova-linija-eucerin-dermopure-za-pocista-i-mazna-kozha-03.jpg

Eucerin®DermoPure производи:

  • Eucerin® Dermo Pure Skin Регенеративна нега
  • Eucerin® Dermo Pure Матирачки флуид
  • Eucerin® Dermo Pure Стик-коректор за кожа склона кон акни
  • Eucerin® Dermo Pure CC Тониран матирачки флуид, светла нијанса
  • Eucerin® Dermo Pure CC Тониран матирачки флуид, темна нијанса
  • Eucerin® Dermo Pure Интензивен смирувачки крем за кожа склона кон акни
  • Eucerin® Dermo Pure Гел за миење за масна кожа
  • Eucerin® Dermo Pure Тоник за масна кожа
  • Eucerin® Dermo Pure Мицеларна вода за масна кожа
  • Eucerin® Dermo Pure Пилинг за кожа склона кон акни

nova-linija-eucerin-dermopure-za-pocista-i-mazna-kozha-04.jpg

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg