5 одлични употреби на бадемовото масло
Маслото од бадем е еден од најделотворните производи во светот на убавината. Според многумина, бадемовото масло има повеќе предности од другите природни масла, како на пример кокосовото.
Се користи уште од најстарите времиња и отсекогаш било клучен дел од рутината за нега на жените низ светот.
Еве за што сè можете да го користите бадемовото масло:
Како лосион за тело
Наместо да купувате креми и лосиони за тело од продавница, кои се полни со хемикалии, негувајте ја кожата на телото со бадемово масло. Ако имате посува кожа, нанесете повеќе слоеви.
Витаминот Е што го содржи маслото од бадем ја прави кожата мазна, а ефектите траат преку целиот ден.
За отстранување на шминка
Со бадемовото масло на природен начин ќе ја отстраните дури и водоотпорната маскара. Истовремено делува благопријатно за кожата на лицето, без да ја суши.
Доволно е да ставите неколку капки масло на памукче.
Наместо регенератор за коса
Нанесете неколку капки масло од бадем на косата и оставете да делува околу 10 минути, па потоа измијте ја косата со шампон. З
а подобар ефект, завиткајте ја косата во крпа за маслото убаво да навлезе во сите делови. Нема да имате потреба од регенератор по миењето.
За спречување и отстранување стрии
Бадемовото масло е направено на природна база, што значи дека и бремените жени можат да го користат.
Иако стриите не можете целосно да спречите да се појават или да ги отстраните откако ќе се појават, бадемовото масло се докажало како најдобра опција за оваа цел.
За отстранување на акни
Ако редовно нанесувате неколку капки бадемово масло на лицето, ќе ја спречите појавата на акни и иритации.
Киселините кои ги има во бадемовото масло делуваат позитивно врз кожата, ја измазнуваат и ѝ го враќаат природниот сјај.
М. В. | Црнобело