Шампони за нега на коса со кои не може да погрешите
Доколку сте од оние кои навистина уживаат во здрава и квалитетна коса, сигурно сте се нашле збунети од недогледен број на козметички совети за нега на коса. Тоа доведува до двоумење кој препарат, со каков состав најмногу би одговарал на вашиот тип на коса. Но, едно е сигурно, вие посакувате да го постигнете резултатот кој значи свилена и сјајна коса од коренот до врвовите.
Најважниот од сите препарати за коса е шампонот, кој со самото миење ја ревитализира и “буди“ безживотната коса. Со добриот шампон започнува негата на косата. Постојат шампони чиј состав е неоспорлив. Тоа се шампоните RED CAT на база на масло од макадамија, кератин, арган, ментол и цимет. Овие 4 компоненти од природата се најефикасни кога станува збор за богата формула за нега на коса.
Шампон со масло од макадамија е вистински еликсир за комплетно трансформирање на вашата коса. Таквиот шампон е многу нежен за скалпот на главата, но совршено ја чисти маснотијата од косата, го хидрира влакното од коренот и му дава еластичност.
Маслото од макадамија содржи висок процент на концентрат од палмитолеинска киселина (дури 27%) кој е еден од најмоќните антиоксиданси и помага во спречување на предвременто стареење на кожата на скалпот. Шампон со масло од макадамија најдобро ја штити косата во летниот период.
Шампон кој е богат со арганово масло е избор број еден за секој тип на коса. Аргановото масло се добива од јатката на дрвото арган, популарно наречен “мароканско злато“, кое вирее само во Мароко ендемски вид.
Шампонот со арганово масло ја спречува косата од расцветување, го стимулира растот и го храни коренот, штитејќи го скалпот од лупење и перут.
Богата формула за нежна нега на косата е шампонот со кератин кој ја зајакнува косата и ја подобрува нејзината структура. Идеален за ревитализирање на оштетена коса од претходни тешки хемиски третмани, како бојадисување, бланширање или минивал. Кератинот има својство на силикон кој ги пополнува празнините на прекршеното суво влакно и ја прави косата сјајна и лесна за обликување.
Четвртата компонента која се смета за “амброзија“ на косата е ментолот. Доколку изберете шампон со ментол, очекувајте свежина и сјај од коренот до врвовите по првото миење. Шампонот со ментол го отстраанува првутот 100% и го спречува понатамошното лупење на скалпот, со тоа што му го враќа природниот баланс. Формулата со ментол инстанто влија на сувата и изморена коса, враќајќи го сјајот и еластичноста.
За крај, шампон со беспрекорно ефикасна формула на база на цимети и јаболко во комбинација, кои не само што се одлично ароматизари туку допринесуваат за блескав сјај на влакното. Оваа комбинација ќе овозможи на природен начин да ја осветлите вашата коса за нијанса, притоа применувајќи комплетно безбедна алтернатива за осветлување.
За брз и ефикасен резултат, разговарајте со вашиот фризер за примена на некој од интензивните третмани за ревитализирање на коса, кои се состојат од комбинации на овие шампони погоре. Феноменален би бил ефектот од измивање на косата со шампон од макадамија, арган и кератин, дополнет со маска со истиот состав.