Кои се тајните зад совршениот изглед на модерните Русинки?

Русинките отсекогаш важеле за едни од најубавите жени во светот. Во последниве години, Русинките станаа многу поактуелни во јавниот живот.

koi-se-tajnite-zad-sovrsheniot-izgled-na-modernite-rusinki-01.jpg

Ирина Шајк, Марија Шарапова, Наталија Водјанова, Мирослава Дума се само дел од влијателните Русинки кои владеат на социјалните мрежи. Освен гените, шармот и убавината на жените од Русија се должат и на нивниот животен стил.

Ние ви откриваме неколку тајни на нивниот совршен изглед:

Со пешачење до витка линија

Жените со потекло од Русија ја одржуваат својата витка линија со пешачење, дури и во зимскиот период кога времето е студено. Не сакаат многу фитнес сали, па најчесто можеме да ги видиме на прошетка со тренерки и патики.

Освен пешачење, Русинките сакаат и да пливаат, да возат велосипед и да се опуштат во некој спа-центар.

koi-se-tajnite-zad-sovrsheniot-izgled-na-modernite-rusinki-02.jpg

Зеленчукот како главен дел од исхраната

Исхраната на Русинките е богата со многу зеленчук, а на нивното мени секојдневно се наоѓаат зеленчукови супи.

Русинките сакаат природни намирници, па освен зеленчукот во исхраната, за нега на телото, лицето и косата користат и разни делотворни билки како што се хмељ, коприви, детелинки и слично.

koi-se-tajnite-zad-sovrsheniot-izgled-na-modernite-rusinki-03.jpg

Тапкање по лицето за младолик изглед

Кога станува збор за нега на лицето, Русинките се служат со необични методи. Еден од нив е и нежното тапкање по лицето додека се нанесува шминка. Овој трик го подмладува изгледот на кожата.

Жените во Русија се познати и по нивните очи кои секогаш се трудат да ги нагласат со неколку слоеви маскара.

koi-se-tajnite-zad-sovrsheniot-izgled-na-modernite-rusinki-06.jpg

Шминка за убавина и заштита

Иако преферираат природен изглед, Русинките користат и шминка, пред сè од квалитетни брендови. Познати се по својот светол и беспрекорен тен што се обидуваат да го негуваат со козметички производи.

Омилени бои на кармини им се црвена и кафеава, а за максимален ефект, но и за заштита од надворешните влијанија, нанесуваат и сјај за усни.

koi-se-tajnite-zad-sovrsheniot-izgled-na-modernite-rusinki-04.jpg

Маска од јајце за лице и коса

Како поборници на природната нега, Русинките ги негуваат лицето и телото со познатата маска од јајце:

За лице:

Измијте го лицето со топла вода и исушете го со пешкир, со нежно тапкање. Скршете едно јајце, со тоа што ќе ја одвоите жолчката од белката. За маската користете ја белката која ќе ја изматите заедно со една лажица млеко. Маската нанесете ја на лицето и почекајте да отстои 10-15 минути. Измијте го лицето со ладна вода.

За коса:

Во жолчката што ви останала додадете малку маслиново масло и мед и добро измешајте. Маската нанесете ја на косата и држете ја еден час. Измијте ја косата со шампон.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Јован Кароски со мејкап совети за идните невести: „Розови тонови, природен изглед и пунџа за совршен... „Таканаречениот No мakeup тренд, односно природен изглед, е еден од трите најбар...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg