7 ѕвезди откриваат како ги победиле акните

Колку и да се славни, богати и прекрасни, тоа не значи дека се имуни на човечките проблеми. На пример, на акните.

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-001.jpg

Многу од ѕвездите со години се борат со проблематична кожа, но разликата е во тоа што тие можат да пробаат сè, па да откријат што најдобро им делува.

1. Миранда Кер

Миранда Кер откри дека двапати во денот пие по една чаша нани сок, сок од суперхрана богата со антиоксиданси.

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-01.jpg

2. Викторија Бекам

Совршената кожа вели дека ја одржува со консумирање на лосос секојдневно. Тврди дека за здрава кожа клучни се омега 3 масните киселини.

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-02.jpg

3. Гвинет Полтроу

„Верувам дека напорниот кардио тренинг ми помага да ја одржам кожата тонирана и мазна. Детоксикацијата поттикната од напорните вежби овозможуваат здрава циркулација, а со тоа и здрава кожа.“

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-03.jpg

4. Камерон Дијаз

„Едноставно е, престанете да јадете шеќери, бело брашно и јаглехидрати. Потоа гледајте како кожата почнува да ви свети.“

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-04.jpg

5. Џесика Алба

Џесика Алба исто така тврди дека тајната е во храната. Таа консумира многу овошје и зеленчук, цели житарки и ја избегнува преработената храна.

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-05.jpg

6. Кендал Џенер

Кендал тврди дека кожата ја излечила со едноставен домашен третман – лажичка сода бикарбона, малку лимонов сок и лажичка мед. Маската се става на кожата неколку минути, а потоа се плакне.

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-06.jpg

7. Ријана

„Што требаше да направам за да имам здрава кожа? Да се откажам од алкохол и да претерувам со големи количини вода.“

7-dzvezdi-otkrivaat-kako-gi-pobedile-aknite-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg