Мазна кожа за 3 минути: Домашен пилинг од рози
Потребни се само 3 состојки и 3 минути за сами да си го подготвите овој популарен рецепт за мазна кожа кој блогерките го обожаваат.
Освен што убаво изгледа, состојките што ги содржи немаат штетни влијанија на кожата. Напротив, розата е цвет што во својот состав ги содржи најдобрите козметички производи во светот.
Шеќерот пак, прави благ пилинг и ги отстранува мртвите клетки од кожата, а маслото за бебиња ја потхранува кожата со потребните состојки.
Еве што ви е потребно:
- 1 шолја шеќер
- ¼ шолја масло за бебиња (може да се замени со кокосово или бадемово масло)
- 12 латици од рози
Подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки (пожелно е да користите блендер).
Смесата ставете ја во тегличка или стаклен сад со капак и добро затворете ја после секое користење.
Пилингот чувајте го на темно и ладно место. Mожете да го користите најмногу еден месец.
М. В. | Црнобело