Како да ги излечите акните преку храната која ја внесувате?
Убавината доаѓа однатре и тоа важи не само за менталното здравје и внатрешните чувства, туку и за храната која секојдневно ја консумираме.
Проблемите кои се појавуваат на лицето се одраз не само на надворешни, туку и на внатрешните фактори кои се кријат многу подлабоко во епидермисот.
Доколку имате лоша кожа, односно постојано се борите со акни, црнки, сува кожа или каков и да било осип или алергија, бидете сигурно дека погрешно ги третирате овие појави.
Можете да ставите стотици креми, лосиони, тоници за лице или специјални сапуни, но знајте дека тоа е однапред загубена битка. Бидејќи она што е најважно за кожата е како таа се храни одвнатре.
Стивен Гандри е специјалист, добитник на многубројни награди кои се однесуваат на истражувања поврзани со кожата на лицето, и според него – доколку сакате да го подобрите целокупниот изглед на кожата еднаш засекогаш и да се чувствувате удобно во својата кожа, промената треба да дојде одвнатре.
Неговите резултати навистина имаат многу логика, во смисла дека кожата е двостран орган со внатрешен и надворешен слој, а размислувајќи околу површината внатрешниот слој е секако значително поголем отколку надворешниот.
Секој проблем поврзан со кожата започнува од внатрешниот слој.
Оние досадни акни и мозолки кои постојано ви излегуваат на лицето? Тие се предизвикани од ирититациите кои се случуваат во внатрешниот слој на кожата.
Самиот обид да го решите проблемот површински само привремено го решава проблемот, бидејќи настапувате локално, а не длабински, односно во коренот на иритацијата.
Веројатно се прашувате – тогаш како да ја излечам лошата состојба со мојата кожа?
Д-р Гандри објаснува дека добрата микрофлора во стомакот е првиот чекор до сјајна и здрава кожа.
Во нашиот организам имаме околу 25 трилиони бактерии. Поголем дел од нив се означени како добри бактерии, односно „пријателски“ – ни помагаат да ја свариме храната, да се бориме против инфекции, го прочистуваат воздухот и листата на позитивни процеси продолжува понатаму.
Но, исто така, имаме и одредена количина на т.н. „лоши бактерии“ во нашите тела. Проблемот настапува кога тие започнуваат премногу да растат, односно да се множат и излегуваат надвор од контрола.
Како се случува тоа?
Лошите бактерии „збудалуваат“ кога ги храниме со лоша храна. Тие обожаваат скроб, лактоза, шеќери масти – впрочем сите работи кои на храната ѝ даваат одличен вкус, а ни делуваат прилично лошо.
Кога ги храниме лошите бактерии со лоша храна тие го успоруваат нашиот метаболизам, ни го пореметуваат хормонскиот баланс и ни поттикнуваат апетит за нездрава храна која е лоша за нас, а „лошите“ бактерии ја обожаваат.
Кога овие бактерии неконтролирано растат и се размножуваат го напуштаат својот вообичаен дом, односно дигестивниот систем и се селат на други места од нашето тело, како во внатрешниот дел на кожата.
Бактериите почнуваат да го иритираат внатрешниот дел на кожата во нашето тело, а тоа испраќа бели крвни клетки кои се борат против иритациите кои се одразуваат на надворешниот слој од кожата. Всушност, така настануваат акните.
Па, еве го наједноставниот одговор на прашањето како да ги сопреме лошите бактерии кои ни ја уништуваат кожата? – Со тоа што ќе ги храниме добрите бактерии.
Доколку правилно ги храниме добрите бактерии тие го регулираат, односно намалуваат растот на лошите, ги држат под контрола и се грижат за нашето тело.
Кога се зголемува бројот на добри бактерии нашето тело има повеќе енергија, губиме килограми, а кожата на лицето ни се чисти и светнува со здрав сјај.
Д-р Гандри појаснува дека најдобар избор на храна е онаа богата со полифеноли. Овие моќни антиоксиданти се среќаваат во бобинки или зрнестото овошје, коренести плодови, зеленчуци и чисти екстракти од одредени растенија.
Зелените лисести зеленчуци како спанаќ и кељ се богати со полифеноли, како и шумското ситно овошје, квалитетни чисти екстракти од растенија, како алое вера, дудинки и семе од синап.
Едноставниот здрав режим на исхрана и добрата храна може да направат огромна разлика во изгледот и квалитетот на вашата кожа. Запаметете дека проблемот секогаш треба да започне со решавање во центарот, односно коренот на иритацијата, а не однадвор.
(О)Милена | Црнобело