10 тајни кои козметичката индустрија не сака да ги знаете
Дали некогаш сте се запрашале како славните личности секогаш изгледаат совршено без оглед на годините?
Сите сме им по малку љубоморни, но сепак тоа не е затоа што тие се така родени.
Покрај нив, познатите имаат армија од професионалци кои се грижат за нивниот изглед секогаш да биде беспрекорен.
Во секој случај, некои основни правила за нега се едноставни и достапни за сите, само што не сте ги знаеле, бидејќи на козметичката индустрија и одговара да ги купувате сите производи што почесто.
Запомнете ги овие работи:
Не ја потценувајте моќта на кремата за сончање
Не може да имате убава и здрава кожа ако не користите редовно крема за сончпање. Професионален козметичар кој работел за мадона кажува дека ништо друго нема да ви помогне ако го избегнувате ова правило.
Според друг доктор, во текот на денот треба по неколку пати да ставате крема за сончање со фактор 30.
Не ја пресушувајте кожата ако имате воспаление
Повеќете креми за против акни содржат состојки кои ја сушат кожата, па дури и го влошуваат воспалението на лицето. Алкохолот делува на истиот начин, па и тоа нема да ви помогне.
Фокусирајте се на природни маски и чистење на кожата со млечна киселина или маски од глина.
Не го заборавајте вратот
Вратот е дел од телото на жената што може да ја открие возраста веднаш, па затоа е важно да се грижите и за него. Кожата овде е потенка и бара исто толку нега како и онаа на лицето.
Тријте ја кожата со коцка мраз
Дерматолозите советуваат да го триете лицето со коцка мраз неколку секунди за да немате бледа боја на кожа. Со овој едноставен трик ја стимулирате циркулацијата и вашата кожа ќе почне да сјае.
Чувајте ги производите за убавина правилно
Не ги чувајте производите за убавина во купатилото бидејќи таму е топло и влажно, а тоа може да предизвика тие побрзо да се расипат. Кремите за лице и другите додатоци кои не ги користите постојано можете дури да ги чувате и во фрижидер.
Сѐ што допирате нека биде чисто
Никогаш не треба да го допирате лицето со нечисти раце. Менувајте ги навлаките на перниците еднаш неделно ако имате сува кожа или еднаш на 3 дена ако имате многу мрсна кожа. Чистете го екранот на телефонот одвреме-навреме, бидејќи постојано го допирате лицето со него.
Не користете пилинг и сунгери за лице, ако сте склони кон акни
Никогаш не користете груби производи за нега (пилинг, четки, сунѓери) ако имате акни – тоа ќе предизвика поголемо воспаление.
Масажата на лице помага против темни кругови под очите
Применувајте масажа на лице одвреме-навреме доколку често ви се појавуваат темни кругови под очите, или пак ако сакате да ја спречите нивната појава. Масажите стимулираат лимфен проток, кожата омекнува и перничињата под очите исчезнуваат.
Грижете се за вашите раце
Рацете бараат грижа исто колку лицето и вратот, бидејќи и таму кожата е тенка и проблематична. Редовно влажнете ја кожата со креми за раце, па дури и со креми за против стареење. И секако, не заборавајте на кремата за сонце.
Чистете ја кожата темелно
Не треба ни да помислите да си легнете навечер со шминка на лицето. Ако го направите тоа, ќе ги запушите порите и ќе предизвикате воспаленија. Иако е многу едноставно и сите го знаеме ова, сепак многумина не го практикуваат.
М. М. | Црнобело