Најлесната плетенка во облик на цвет која може и сами да си ја направите
Сигурно се воодушевувате на прекрасните плетенки кои постојано ги гледате на Pinterest и Instragram. Но, и покрај многубројните изгледани туторијали на YouTube едноставно не постигнувате успех и чувствувате како да имате две леви раце.
Со овој едноставен метод ќе станете експерт за прекрасната плетенка во облик на цвет.
Врзувате мал дел од косата во репче и го делите на два дела. Почнувате да ги испреплетувате како јазли една со друга. Откако ќе стигнете до крајот ја вртите плетенката во кружен облик и прицврстувате со обични шноли. Вашата цветна плетенка е готова.
По желба може да поврзете и неколку „цветови“ еден до друг во косата на истиот начин.
Убаво, лесно и средено – сé што сакаме од една фризура, нели?
(O)Милена | Црнобело