Каква четка за маскара ви одговара на трепките?

Секој од нас има различни трепки и согласно тоа, секој има различни желби кои се однесуваат на нивното истакнување. Некои сакаат повеќе волумен, други подобра дефиниција односно подобро расчешлување на трепките, а трети пак обожуваат добро извиткани трепки.

kakva-cetka-za-maskara-vi-odgovara-na-trepkite-001.jpg

Навистина е тешко да се пронајде идеална маскара, но она што не го знаеме е дека составот на течноста е подеднакво битен како и типот на четкичката со која ја нанесуваме.

За почеток, ова се 5-те најчести основни типови на четкички кои се среќаваат кај маскарите:

Kakva-cetkicka-za-maskara-treba-da-odberete-za-idealni-trepki-02.jpg

За дополнително објаснување ви нудиме уште 7 различни облици четкички на маскарите, секоја со различна намена:

Kakva-cetkicka-za-maskara-treba-da-odberete-za-idealni-trepki-03.jpg

1 –  Екстра големата четка овозможува максимален волумен на трепките

2 – Конусната четка особено добро ги извиткува трепките во надворешниот агол

3 – Благо заоблената четка дава ефект на виткани лепеза-трепки

4 – Четката со топче на врвот овозможува лесно да ги извиткате трепките во внатрешните и надворешните агли

5 – Тенката четка-стапче дава ефект на обоени и природни трепки

6 – Дебелата четка-стапче ги издолжува трепките, односно им дава должина

7 – Рамната куса четка одлично ги одделува односно расчешлува и ги затемнува трепките

Доколку добро го знаете изгледот и квалитетот на вашите трепки не би требало да е премногу тешко да одберете добра маскара за вашите очи.

Во спротивно испробајте неколку различни, споредете и видете кој ефект ви одговара најмногу.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg