10 начини да се ослободите од непријатниот мирис на стапалата

Прекумерно потење и габични инфекции може да бидат причина за создавање на повеќе пот, што е основа за бактерии кои предизвикуваат лош мирис.

 10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-01.jpg

Тие што имаат ваков проблем сигурно многупати пробувале сѐ и сешто, но многу работи биле без успех.

Обидете се да искористите некој од овие трикови и да се ослободите од непријатниот мирис на стапалата еднаш засекогаш.

Елиминирајте ги можностите за размножување на бактерии

Повеќето бактерии кои предизвикуваат лош мирис се собираат под ноктите и мртвата кожа. Не заборавајте да ги стругате стапалата со камен за пети кога ги миете и одржувајте ги ноктите чисти и секогаш кратко исечени.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-02.jpg 

По миењето, избришете ги целосно стапалата помеѓу прстите

По туширање, најчесто сите ги бришат стапалата набрзина, заборавајќи на пределот меѓу прстите што останува мокар. Исфрлете ја оваа навика, бидејќи на тој начин се развиваат габичните инфекции.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-03.jpg

Јаболков оцет

Направете си лосион од јаболков оцет за да се справите со непријатниот мирис. Натопете памук или газа во течноста и оставете го на стапалата 20 минути, а потоа кожата природно нека се исуши. Потребно ви е:

  • 0.5 l  јаболков оцет измешано со 200 ml топла вода

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-04.jpg

Користете ароматични масла

Најдобар избор е масло од лаванда. Освен што го маскира непријатниот мирис, исто така поседува и антибактериски својства. Ставете 4 капки масло и со нежна масажа, втријте го во стапалата.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-05.jpg

Перете ги чорапите од внатрешната страна

На тој начин темелно ќе се исчисти материјалот од нечистотиите на кожата и бактериите.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-06_copy.jpg

Дома газете боси или соблечете ги чорапите кои сте ги носеле додека сте биле излезени

Кога носите чорапи и газите насекаде, тие собираат бактерии од подот, а ако подоцна ги намокрите, бактериите почнуваат да се размножуваат.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-07.jpg

Користете антиперспирант и за стапалата

Антиперспирантите содржат хемикалии кои помагаат да се намали потењето. Ставете после туширање на чиста и сува кожа.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-08.jpg

Побарајте совет од доктор

Ако освен непријатниот мирис, се појави и чешање или лупење на кожата, консултирајте се со доктор. Овие симптоми може да укажуваат на заразни воспаленија и габични инфекции.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-09.jpg

Дезинфицирајте ги чевлите кои веќе имаат непријатен мирис

Измијте ги чевлите однадвор. Влошката натопете ја во хлорхексидин, а со памук потопен во истиот раствор, поминете ја внатрешноста на чевлите.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-10.jpg

Секогаш носете суви чевли

Секако, најдобро е да имате барем 2 пара чевли за една иста сезона кои постојано ќе ги менувате. Но, ако имате само едни и притоа се мокри, послужете се со стар добар метод. Ставете стари весници внатре и во текот на ноќта тие ќе ја апсорбираат влагата. Можете да се послужите и со фен.

10-nachini-da-se-oslobodite-od-bakterii-i-neprijaten-miris-na-stapalata-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
7 грешки со кои си ги уништувате стапалата (и сакате да ги скриете во лето) Носите многу ниски, рамни чевли кои не ви ја даваат потребната поддршка и сами п...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg