9 причини поради кои може да изгорите, иако користите крема за сончање

Изгорениците од сонце на никого не му се пријатни, а понекогаш колку и да се трудите да го избегнете тоа, сепак не успева.

9-prichini-poradi-koi-mozhe-da-izgorite-iako-koristite-krema-za-sonchanje-01.jpg

Што е најчудно, дури и кога користите крема за сончање, може да се случи кожата да изгори, а потоа да се прашувате како се случило тоа.

Неколку начини на кои сонцето може да и наштети на кожата дури и на корисниците на креми:

1. Ставате многу малку крема

Исто како пудра за лице или лак за нокти – треба да нанесете доволно, за да постигнете целосна покриеност. Доколку не можете сами, побарајте некој што е со вас да ви помогне.

9-prichini-poradi-koi-mozhe-da-izgorite-iako-koristite-krema-za-sonchanje-02.jpg

2. Се потите

Дури и ако се намачкате од глава до пети со крема за сончање, големата количина на пот, може целосно да ја „измие“ кремата. Затоа, кога кожата ќе ви се намокри, најсигурно е повторно да се намачкате.

3. Ја преценувате моќта на водоотпорноста

Водоотпорната формула во кремите нема да ја штити вашата кожа цел ден од сонцето. Дури и без да се потите или да се намокрите, ќе мора неколкупати да се намачкате, доколку сте изложени на сонце цел ден.

9-prichini-poradi-koi-mozhe-da-izgorite-iako-koristite-krema-za-sonchanje-03.jpg

4. Користите неквалитетни креми за сончање

Многу истражувања покажале дека постојат голем број на брендови на креми за сончање кои не го исполнуваат она што го пишуваат. Користете проверени брендови за да спречите дел од маките.

5. Ставате крема за сончање само на плажа

Иако додека сте на плажа треба да ставате подебел слој на крема за сончање за екстра заштита од сонцето, сепак е важно да ја користите и за секојдневна заштита кога сте изложени на сонце, како на пример кога шетате или пак долго патувате и сте изложени на сонце.

9-prichini-poradi-koi-mozhe-da-izgorite-iako-koristite-krema-za-sonchanje-04.jpg

6. Се мачкате со крема за сончање, но ги оставате очите изложени

Дури и оние кои постојано го мачкаат телото и лицето, забораваат дека се подложни на кератитис, односно воспаление на рожницата. Затоа ставајте големи и квалитетни очила за сонце, кои можат да ве заштитат од УВА и УВБ зраци.

9-prichini-poradi-koi-mozhe-da-izgorite-iako-koristite-krema-za-sonchanje-05.jpg

7. Мислите дека шминката е замена за крема за сончање

Многумина не ставаат доволно производи за заштита кога ставаат шминка, оставајќи ја кожата подложна на сончевите зраци. Сѐ што треба да направите е под пудрата да нанесете крема со фактор и секако не заборавајте да ги намачкате и усните.

8. Користите крема за сонце, но пиете антибиотици

Лековите можеби ќе ви помогнат да се опоравите, но исто така може да ја направат вашата кожа подложна на воспаленија, што се појавуваат кога сте изложени на сонце и наликуваат на изгореници. А, кремата за сончање не е 100% ефективна за заштита на кожата од ова.

9. Користите крема за сончање, но и производи против акни

Поради тоа што многу производи кои се наменети за заштита од акни, се направени од хемиски состојки кои ја истенчуваат кожата, тоа ја прави понежна и чувствителна на сонце. Во ваков случај, најдобро е да не се изложувате на сонце кога нема потреба и да „бегате“ под сенка.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg