Домашни третмани кои треба да ги направите пред да облечете сандали
Сувите стапала во ниеден случај не изгледаат привлечно, без оглед на тоа колку скапи или прекрасни сандали сте облекле.
Затоа, подгответе се за сезоната на сандали како што треба.
Третман со масло
На чисти и суви нозе нанесете 2 лажици маслиново или кокосово масло. Облечете меки чорапи и преспијте така. Наутро исплакнете и намачкајте со крема за стапала.
Третман со банана и авокадо
Измешајте 1 банана со половина авокадо и пастата нанесете ја на нозете, а подебел слој ставете на петите. Маската нека делува 15-20 минути. Исплакнете со млака вода и нанесете крема.
Третман со мед
Измешајте 1 шолја мед со неколку шолји топла вода и во слатката вода потопете ги нозете 15-20 минути. Со камен или турпија истријте, добро исплакнете, па исушете со пешкир. Нанесете хранлива крема.
Третман со оцет
1 шолја оцет разредете во поголема количина вода и потопете ги нозете. Почекајте 15 минути. Со камен или турпија отстранете ја мртвата кожа, исплакнете и исушете ги нозете, па нанесете крема или масло.
М. Д. | Црнобело